Киро Трипун Ончевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Со своето семејство се доселил во Скопје, каде и се вклучил во народноослободителното движење. Учествувал во разни акции околу собирањето на материјали и друга помош за партизаните. Во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил есента 1944 година. Се борел во составот на третата чета на третиот баталјон. Бил учесник во сите акции на баталјонот, а посебно во акцијата против Германците на железничката линија Велес - Скопје. Во една битка против балистичките банди кај селото Добри Дол, кои биле во акција за да го ограбат соседното село, бил погоден од непријателски куршум, по што загинал на самото место.
Наводи
Категорија:Починати во Добри Дол (Скопско) Категорија:Учесници во НОБ