Киро Трпев Павловски - Жонглер ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Завршил само основно училиште. Подоцна се доселил во населбата Ханриево западно од Скопје. Заедно со својот брат Боро, стапил во организирана борба против окупаторот. На 5 септември 1944 година, станал борец на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во третата чета на првиот баталјон. Се истакнал како мошне скромен и искрен другар, дисциплиниран и примерен борец. Бил учесник во борбите против балистите на Водно и Треска, во борбите против Германците на железничките и други сообраќајници, како и во уличните борби за ослободувањето на Скопје. Тешките услови и непрекинатото војување против непријателот, биле причина тешко да оболи и во јануари 1945 година починал од последиците од болеста.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ