Васка Милошева Петкова ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснал во сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште, го продолжила своето образование во кумановската гимназија. а подоцна во Учителското училиште во Скопје. Како одлична ученичка, таа покажала голем интерес и наклоност за читање на марксистичка книжевност. Се дружела со напредната младина. Учествувала во разни дејствија за помош на партизаните. Пред завршувањето на учебната година, и самата станала борец на Третата македонска ударна бригада. Во борбите се покажала како цврст борец и со тоа станала мошне сакана од страна на соборците. Била примена и за член на КПЈ и поставена за политички комесар на чета. На 20 октомври 1944 година, била учесник во крвавата борба против побројните балисти и Германци, на реката Треска. Во оваа борба била тешко ранета и заробена. Како заробеничка бил подложена на нечовечки измачувања и малтретирања. Балистичките банди ја носеле како плен низ Тетово и Гостивар и ја малтретирале пред народот. Од тешката рана и ѕверското мачење, кон крајот на октомври 1944 година, Васка починала.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ