Здружението на бизнис жени — здружение во Македонија. Здружението било основано на 26 јули 2010 година во Скопје. Здружението на бизнис жени е специфичен и компетентен партнер во дијалогот со Владата, невладините организации, и приватниот сектор, кој придонесува за социјалниот и економскиот развој, ставајќи посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економски раст. Здружението игра водечка улога во организирањето на дијалогот и соработката помеѓу бизнис жените, со цел да се поддржат и да се промовираат женските претприемачи во Македонија и во регионот.

Историјат Здружението на бизнис жени било официјално основано во јули 2010 година како невладина организација која активно работи на унапредување и зајакнување на женското претприемништво во земјата и во регионот.

Како краен резултат на препознавање и унапредување на активностите на здружението, била создадена Национална стратегија за женското претприемништво во Република Македонија, изработена во соработка со Министерството за економија на Република Македонија, донесена од Владата во декември 2018 година.

Активности Градење на капацитет на невладин сектор за јакнење и застапување на жеското претприемништво. Здружението активно работи на консултантсво, менторство и едукација за развој на претприемништвото кај жените. здружението е основач на Националната платформа за женско претприемништво. Визија Женското претприемништво како посебна гранка за економски развој во приватниот сектор како и во државните институции и здруженија, не е јасно претпознатливо. Здружението на бизнис жени – Македонија со текот на времето, преку многу активности придонесува женското претприемништво да биде признаено како посебен ентитет за зајакнување на економијата во земјата.

Наводи

Надворешни врски Здружение на бизнис жени на Facebook WEcontribute.mk WEmake.mk

Категорија:Македонски здруженија Категорија:Женски активизам во Македонија Категорија:Економија на Македонија