„Тетовскиот говор - Енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти“ ― прва сеопфатна и детална енциклопедија која го опфаќа тетовскиот говор како преодна зона помеѓу вратничкиот говор северно од него и гостиварскиот говор јужно од него. Посебен осврт се дава на градскиот тетовски говор преку најдетално негово досега претставување на граматиката и богат речник со дури 9169 одредници богато поткрепени со етнолошки прикази, историски податоци, фотографии, врамени текстови, карти и графикони.
Објавена е во 2020 година од авторот и долгогодишен истражувач на тетовското минато Дарко Гавровски. Гавровски е автор и на енциклопедијата „Тетовски древности - Полог од праисторијата до 7 век н.е. со посебен осврт на тетовскиот крај“ објавена во 2009.
Содржина на енциклопедијата Кои се најстарите објави на народниот говор од Тетовско. Сите најстари објавени народни песни и текстови на тетовски говор. Поделба на говорите во Полог, со детална мапа и анализа со споредба помеѓу 71 изоглосна црта меѓу различните типови говор Детална граматика и анализа на фонетски и морфолошки одлики на тетовскиот градски говор Прв речник на тетовскиот градски говор каде се покриени 9169 одредници Одредниците во речникот се со етимологија на зборот, објаснување, честота на користење во последните 100 години и поврзаност со етнолошки и историски моменти кои се однесуваат на тој збор со вел да се начне во целоснатапоширока културолошка смисла на зборот
Технички детали Ова дело е плод на децениско истражување на авторот на скоро 650 страни богат материјал, во голем Б5 формат (16,5 х 23,5 см) поддржан со: 3 карти целосно изработени од авторот и за прв пат публикувани овде, и особено за првпат објавена карта со градските топоними во Тетово Над 30 врамени текстови (text box-ови) со посебен осврт за одредени одредници над 350 фотографии над 300 фусноти со детална анализа на севкупниот материјал, но и над 2000 белешки за извори каде се споменуваат одредници. посебен индекс (тематски показател) каде голем дел на одредници се групирани по теми за истражување резиме на книгата на англиски јазик. за издавање на книгата користени се преку 650 наслови на книги, стручна периодика, компакт дискови, интернет страни, необјавена граѓа– сите тие детално прочешлани и буквално сè што се однесува на Тетовско - е поместено во оваа книга. Книгата е во луксузно енциклопедиско издание во боја и тврд повез
Наводи
Надворешни врски Книгата „Тетовскиот говор“ на Facebook „Тајните на Тетово“ — Гавро
Категорија:Македонски книги Категорија:Книги за Тетово