Јордан Трајков Петровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно работничко семејство. Неговите родители, по потекло Македонци од Ќустендил се преселиле во Куманово, каде го продолжил натамошното образование во кумановската гимназија. Се дружел и соработувал со напредната средношколска младина, под чие влијание станал голем симпатизер на НОВ. Во јули 1944 година со група напредни младинци заминал во НОВ и станал борец на Третата македонска ударна бригада. Бил распореден за пушкомитралезец во вториот баталјон. Учествувал во борбите во близина на Табановце, Ристовац и на други места. Бил учесник во борбите против Германците и балистите во околината на Треска и за ослободувањето на Велес. На 13 ноември 1944 година храбро загинал, во уличните борби за ослободувањето на Скопје.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје