Ангеле Младенов Петрушевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Работел како шапкар. Бргу се вклучил во подготовките за оружено востание и во таа насока активно учествувал во собирањето на материјална и друга помош за партизаните. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите борби на бригадата против балистичките сили, како и во ноќните акции против моторизирани германски колони во Качаничката Клисура. Во октомври 1944 година, во последните борби против балистите загинал над селото Горњане.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје