Александар Стојко Пешиќ - Гара ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште работел како овчар. Како и многумина други негови соселани, бил симпатизер на НОВ. На 20 август 1944 година стапил во редовите на Третата македонска ударна бригада. Учествувал во повеќе нејзини борби. Се покажал како бестрашен борец. На 20 октомври 1944 година, учествувал во големата борба против балистите и германците во реонот на Треска. Во оваа борба се борел храбро, сè додека не бил смртно погоден од непријателот.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ