Власто Димков Петковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 26 август 1944 година стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите нејзини борби. На 20 октомври 1944 година, учествувал во крвавата борба на бригадата кај селото Шишево, Скопско. Бригадата во ноќните часови успешно ја преминала реката Треска, извршил пробив на балистичките положби, и преминувајќи на нејзината лева страна успешно се спротивставил на побројните балисти. Но, под силниот германски артилериски оган, бригадата била принудена да се повлече. Во таа жестока борба, Власто го изгубил својот живот.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ