мини|Крстоносни држави во 1240 година. мини|Крстоносни држави во 1271 година. Жан II Ерусалимски (1259 или околу 1267 – 20 мај 1285 година во Никозија) ― најстариот син на Иго III Кипарски и Изабела Ибелинска. Тој го наследил својот татко како крал на Кипар (како Жан I) на 24 март и бил крунисан во Свеата Софија, Никозија на 11 мај 1284 година. На неговото наследување како крал на Ерусалим се спротивставил Карло I Неаполски, кој исто така го нарушил наследството на неговиот татко. Жан починал следната година на 20 мај, никогаш не се оженил и не оставил деца. Тој бил погребан во црквата Свети Димитрија или според некои Свтеа Софија, во Никозија. Според некои автори тој бил отруен од неговите браќа, од кои едниот, Анри II, го наследил во Кипар и Ерусалим.
Категорија:Кралеви на Ерусалим Категорија:Починати во 1285 година Категорија:Родени во 1259 година Категорија:Кралеви на Кипар