Европското првенство во фудбал во 1996 — 10-то по ред Европско првенство во фудбал во машка конкуренција, кое се одржало од 8 до 30 јуни 1996 година во Англија.

Првенството се одржало за прв пат на Британските Острови и во англиското говорно подрачје. Англија претходно го организирала Светското првенство во 1966 година.

Ова било прво Европско првенство на кое учествувале 16 екипи, за разлика од претходните четири, кога учествувале 8.

Титулата европски првак ја освоила Германија, која во финалето ја совладала Чешка со реззултат од 2:1. Најдобар играч на првенството бил Германецот Матијас Замер, додека најдобар стрелец бил Англичанецот Алан Ширер со 5 постигнати голови.

Избор на домаќин За време на пријавувањето за тоа домаќинство, сè уште не било потврдено дека првенството ќе се прошири на 16 учесници. Било планирано да се организира првенство со само 8 учесници, затоа биле потребни само 4 стадиони.

За домаќинството се натпреварувале пет земји: Австрија, Англија, Грција, Холандија и Португалија. На 5 мај 1992 година, Извршниот комитет на УЕФА ја избрал Англија за домаќин на првенството на средбата во Лисабон. Таа година откако бил избран за домаќин, Англискиот фудбалски сојуз се повлекла од натпреварувањето за домаќин на Светското првенство во 1998 година, за да добие поддршка од другите членови на УЕФА кои планирале да аплицираат за тоа домаќинство.

Квалификации мини На 30 ноември 1992 година, УЕФА официјално потврдила дека 16 екипи ќе учествуваат на првенството. Квалификациската ждрепка се одржала на 22 јануари 1994 година во Манчестер. Биле извлечени имињата на 47 репрезентации кои се натпреварувале за 15 места што водат до првенството. Репрезентацијата домаќин, Англија, имала директно место на првенството. Државните репрезентации кои играле квалификации биле поделени во осум квалификациски групи.

Квалификациите започнале во април 1994 година и завршиле во декември 1995 година. По крајот на групното натпреварување во ноември 1995 година, осумте победници во групата и шесте најдобри вицешампиони избориле место на Европското првенство. Најлошите две второпласирани репрезентации играле бараж за преостанатото место.

Квалификувани репрезентации 7 од 8 земји кои се пласирале на првенството во 1992 година исто така се квалификувале на првенството во 1996 година.

Бугарија, Хрватска, Турција и Швајцарија за прв пат се натпреварувале на Европското првенство. Италија и Шпанија се квалификувале откако го прескокнале првенството во 1992 година, додека Чешка се квалификувала за прв пат од 1980 година, а Романија и Португалија по 1984 година. Репрезентација Квалификуван како Датум на пласман на ЕП Претходни настапи 1, 2 домаќин 5 мај 1992 година 4 ( 1968, 1980, 1988, 1992 ) победник во групата 3 11 октомври 1995 година 0 (дебитант) победник во група 1 15 ноември 1995 година 1 ( 1984 ) второпласирана група 1 15 ноември 1995 година 3 ( 1960, 1984, 1992 ) победник во групата 2 15 ноември 1995 година 4 ( 1964, 1980, 1984, 1988 ) второпласирана група 2 15 ноември 1995 година 4 ( 1964, 1984, 1988, 1992 ) второпласирана група 3 15 ноември 1995 година 0 (дебитант) победник во групата 4 15 ноември 1995 година 0 (дебитант) второпласирани групи 4 15 ноември 1995 година 3 ( 1968, 1980, 1988 ) победник во групата 5 15 ноември 1995 година 3 ( 1960 3, 1976 3, 1980 3 ) победник во групата 6 15 ноември 1995 година 1 ( 1984 ) победник во групата 7 15 ноември 1995 година 6 ( 1972 4, 1976 4, 1980 4, 1984 4, 1988 4, 1992 ) второпласирана група 7 15 ноември 1995 година 0 (дебитант) победник во групата 8 15 ноември 1995 година 6 ( 1960 5, 1964 5, 1968 5, 1972 5, 1988 5, 1992 6 ) второпласирани групи 8 15 ноември 1995 година 1 ( 1992 ) победник во бараж 13 декември 1995 година 4 ( 1976, 1980, 1988, 1992 )

Белешки: 1 Задебелена година го означува шампионот во таа година 2 Накосената година го означува домаќинот во таа година 3 како Чехословачка 4 како Западна Германија 5 како Советски Сојуз 6 како Заедница на независни држави

Стадиони ЕП 1996 година се играло на осум стадиони во осум градови на земјата домаќин. Лондон Манчестер Вембли Олд Трафорд Капацитет: 76,567 Капацитет: 55,000 Ливерпул Бирмингем Анфилд Вила Парк Капацитет: 42,730 Капацитет: 40,310 Лидс Шефилд Нотингем Њукасл Елан Роуд Стадион Хилсборо Сити Граунд Сент Џејмс Парк Капацитет: 40,204 Капацитет: 39,859 Капацитет: 30,539 Капацитет: 36,649

Жрепка Жрепката за завршниот турнир се одржала на 17 декември 1995 година во Бирмингем Само 4 репрезентации биле сместени во шешири: Англија, Данска, Шпанија и Германија. Останатите можело да бидат извлечени во која било група. Шешир 1Шешир 2

Секој тим бил извлечен во групата првично со број 1 до 4. Екипите од шешир 1 биле ставени во позиција 1, додека другите биле извлечени прво 4 во позиција 4, потоа другите 4 во позиција 3 и на крајот во позиција 2. Откако било утврдено дека групата во која паѓа Англија ќе биде група А (групата била обележана како број 3), другите групи биле извлечени да утврдат која група ќе биде Б, Ц и Д.

Групи

Распоредот на натпревари е средноевропско време (). Група А Табела група АНПНИДГПГГРПоени 1.321072+57 2.311134-14 3.311112-14 4.301214-31

Група Б Табела групе БИДНИДГПГГРПоени 1.321052+37 2.312043+15 3.311134-14 4.300314-30

Група Ц Табела групе ЦИДНИДГПГГРПоени 1.321050+57 2.311156-14 3.31113304 4.301248-41

Група Д Табела групе ДИДНИДГПГГРПоени 1.321051+47 2.320143+16 3.31114404 4.300305-50

Елиминациона фаза

Четвртфинале

Полуфинале

Финале

Победник100п|ГерманијаГерманијаТрећа титула

Финална табела мини|400п| Тим Финале 1 Ц 6 4 2 0 10 3 +7 14 2 Ц 6 2 2 2 7 8 -1 8 Елиминација во полуфинале 3 А 5 2 3 0 8 3 +5 9 4 Б 5 2 3 0 5 2 +3 9 Елиминација во четвртфинале 5 Д 4 2 1 1 5 2 +3 7 6 Б 4 1 3 0 4 3 +1 6 7 Д 4 2 0 2 5 5 0 6 8 А 4 1 2 1 3 4 -1 5 Елиминација во групна фаза 9 Д 3 1 1 1 4 4 0 4 10 Ц 3 1 1 1 3 3 0 4 11 Б 3 1 1 1 3 4 -1 4 12 А 3 1 1 1 1 2 −1 4 13 А 3 0 1 2 1 4 −3 1 14 Ц 3 0 1 2 4 8 -4 1 15 Б 3 0 0 3 1 4 −3 0 16 Д 3 0 0 3 0 5 −5 0

Наводи

Надворешни врски ЕП 1996 година

Категорија:Фудбалот во Англија