Македонија учествуваше на Детска Евровизија 2015 во Софија, Бугарија. На 24 јули 2015, било потврдено дека ќе се врати на натпреварот по едногодишно отсуство. Националниот радиодифузер МТВ одржал аудиции во нивното студио во септември 2015. Ивана Петковска и Магдалена Алексовска ја претставуваа Македонија со песната "Плетенка - Braid of Love". За жал, земјата заврши на 17то место (последна) со 26 бодови.

Пред Детска Евровизија Било објавено на 24 јули 2015, од националниот радиодифузер МРТ, дека Македонија ќе се врати на Детска Евровизија, после учеството на Детска Евровизија 2013. МРТ одржале аудиции во нивните радиодифузни студија во септември 2015, после покана за поднесоци на учесници и песни. На 17 септември 2015, МРТ објави дека интерно ги одбрале Ивана Петковска и Магдалена Алексовска да ја претставуваат Македонија на Детска Евровизија 2015, што се одржала во соседна Бугарија.

Претставнички Ивана Петковска и Магдалена Алексовска кои биле 13 за време на натпреварот, доаѓаат од Скопје.

На Детска Евровизија На ждрепката за редоследот која се одржала на 15 ноември 2015, Македонија била извлечена да настапи 9та на 21 ноември 2015, после Русија и пред Белорусија.

Финалето било пренесувано во Македонија на МРТ 1, под коментаторство на Тина Таутовиќ и Спасија Велјаноска. Македонскиот гласноговорник кој ги соопштил македонските гласови за време на финалето бил Александрија Чалиовски.

Финале Ивана и Магдалена настапиле со три танчерки, и сите пет девојки носеле плетенки како што било и името на песната. Македонија го освои 17 место со 26 поени.

Гласање Гласањето во финалето се состоело од 50% телефонско гласање и 50% од стручно жири. Жирито се состоело од 5 професионалци од музичката индустрија што биле жители на државата што ја претставуваат, со нивните имиња објавени пред натпреварот за да се осигура транспарентност. Од жирито било побарано да даде поени врз основа на вокален капацитет, сценски настап, композиција и оригиналност на песната, и целокупен впечаток од настапот. Додатно, никој член на национално жири не смее да биде поврзан на никаков начин со било кој од натпреварувачките настапи на начин на кој не може да гласа непристрасно и независно. Поединечните рангирања на секој член од жирито биле објавени еден месец по финалето.

+ Поени доделени на Македонија Бодови Земја 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 бод

+ Поени доделени од Македонија Бодови Земја 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 бод

Детални резултати од гласањето Следните членови го сочинуваа македонското жири:

Божидар Ноев Бобан Мирковски Ксенија Николова Трајче Органџиев Маја Вукичевиќ

+Р. Бр.ЗемјаПросечни бодови од жириБодови од телефонско гласањеДоделени бодови0112121271012101202510315121510471030545062620731275081021035730910747612841161062461210121113358614131543464451626327717888881028

Белешки

Наводи

Категорија:Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија