Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија — здружение во Македонија. Здружението било основано во 2016 година во Скопје. Асоцијациајат на пронаоѓачи на Македонија е настаната како потреба на пронаоѓачите на Македонија. Сојузот е стручен, доброволен, самостоен, непрофитен, невладин и вонпартиски сојуз на здруженија на граѓани кои имаат афинитет кон пронаоѓаштвото, иновациите и техничките унапредувања. НИАИМ се грижи за развојот на пронаоѓаштвото во Р Македонија и ги поттикнува и поддржува активностите на пронаоѓачите и иноваторите во Р Македонија. Денес членството го сочинуваат повеќе од 100 пронаоѓачи, како и уште толку млади пронаоѓачи. Во 2016 година, Асоцијацијата станала полноправна членка на Меѓународна федерација на асоцијации на пронаоѓачи (ИФИА).

Историјат Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија била основана од две правни лица: Друштво на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања „Михајло Пупин“ и Друштво на пронаоѓачи „Новитет“. Творци на оваа Асоцијацјација се пронаоѓачите Мирко Узелац и Владимир Филевски.

Активности Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија го организира најголемиот меѓународен саем на иновации и нови технологии „ИНОВАМАК“ секоја година во главниот град Скопје во Македонија.

Цели – Создавање на содржински, методолошки и организаторски претпоставки за унапредување на пронаоѓаштвото и другите форми на индустриска сопственост;

– Популаризирање на пронаоѓачката и иновативната дејност преку советувања, предавања, трибини, изложби на пронајдоци и иновации и други форми;

– Работа со млади кадри на проблематиката од пронаоѓаштвото и иновациите и подигање на стучното ниво на членовите на НАПМ во областите од пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Откривање, негување и стимулирање на талентирани ученици и студенти на полето на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Помагање во нормативното уредување на проблематиката сврзана со развојот и унапредувањето на пронаоѓаштвото и иноваторската дејност и правилната распределба на доходот од оваа дејност во трговските друштва;

– Соработка со државните органи и институции по прашањата од иноваторството и пронаоѓаштвото;

– Перманентно и редовно информирање на членовите на друштвото за сите промени и новини

во правната сфера, а кои се однесуваат на пронаоѓаштвото и иноваторството на ниво на Републиката и меѓународните институции и асоцијации и доставување на информации од изложби и други форми низ кои се популаризира и унапредува иноваторството;

– Создавање на основа за промовирање и реализирање на иновации;

– Ангажирање во реализацијата на општински, републички и меѓународни манифестации и соработка со специјализирани домашни и меѓународни асоцијации од областа на иноваторството и пронаоѓаштвото;

– Соработка со средните училишта, факултетите и асоцијациите од областа на техниката, во создавањето услови за создавање и реализација на пронајдоци и иновации:

– Поднесување на предлози до надлежните државни органи за донесување, изменување и дополнување на законските и подзаконските прописи со кои се уредува пронаоѓаштвото и иновацијската дејност;

– Презентација на својата работа преку електронските медиуми и медиумите за јавно информирање;

– Учество во научноистражувачки проекти во Република Македонија и странство од областа на пронаоѓаштвото и другите видови на техничкото творештво;

– Учество во создавањето и практичната примена на пронајдоците и другите видови на техничкото творештво;

– Здружување со други сојузи од оваа и слична проблематика од Република Македонија и странство.

Целите и задачите од претходниот став, НАПМ ќе ги остварува преку:

– Донесување на општи акти и специјализирани програми за потикнување и реализирање на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Стручно оспособување и едуцирање на стручни кадри што ќе работат на полето на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Организирање и реализирање на семинари, предавања, советувања, трибини, изложби и други форми;

– Соработка и комуникација со Народна техника на Македонија, Друштвата за наука, факултетите, Стопанските комори во Македонија и странство, органите и телата на државата задолжена за оваа проблематика;

– Соработка со органите на државата задолжени за оваа проблематика и други институции во државата и странство.

Наводи

Надворешни врски Службена мрежна страница на НАИМ Службена мрежна страница на IFIA КАНАЛ 5 ТВ: Македонски иноватори создадоа нова заштитна маска од коронавирусот