„Моторни песни“ — музички албум на македонската рок-група Верка од 2010 година. Тој е вториот албум на Верка, а насловот на албумот и неговиот омот се позајмени од истоимената збирка поезија на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров. Притоа, две песни од албумот, „Песни“ и „Ѓерданот“, содржат стихови од песните „Претсмртно“ и „Проштално“ на Вапцаров. Албумот е снимен во студиото на Евгениј Каревски во Скопје, а тој е и продуцент. Автори на сите песни се членовите на групата, а автор на дизајнот на обвивката на албумот е Борис Ангелушев, според оригиналната илустрација на збирката „Моторни песни“ на Вапцаров. На албумот свират тогашните челнови на групата: Марс Марсовски (гитара), Влатко Ѓоргиевски - Далтон (тапани), Маздрак (вокал и бас гитара) и Бране Антовски - Блеки (тапан, тарабука, кларинет и бендир), а покрај нив, како гости на албумот настапуваат и Саше Бранковски (соло гитара во „Такаметера“) и Добрила Грашеска (вокал во „Песни“).Верка, Моторни песни, 2010.
Список на песни мини|алт=Омот на Верка за Моторни песни.|Албумот Моторни песни, издаден во 2010 година.
Албумот содржи осум песни: Панк! Панк! Панк! New Found Faith Црно оро Песни Ѓерданот Иднина небиднина Огин Такаметера
Наводи
Категорија:Албуми на Верка Категорија:Појавено во 2010 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2010 година