Хиијака () — поголемата надворешна месечина на џуџестата планета Хаумеја. Наречена е по божицата Хиијака, една од ќерките на Хаумеја и заштитничка на Големиот Остров на Хаваите. Прави едно свртување за , при растојание од . Има занесеност од и наклон од . Претпоставувајќи дека има пречник од 300 км, таа е четврта или петта по големина месечина на заднептунско тело, по Харон, Дисномија (месечина), Вант, многу веројатно Илмаре/Варда, а можеби и Актеја.

Откривање Ова е првата откриена месечина на Хаумеја, забележана на 26 јануари 2005 г. Пред да биде усвоено официјалното име, го носела прекарот „Рудолф“ по еден од елените на Дедо Мраз.

Физички особености

Големина и сјајност Хиијака има измерена сјајност од , што значи дека има пречник 22 % од џуџестата планета, односно околу , претпоставувајќи слично инфрацрвено албедо. За споредба, кога Хиијака би била во астероидниот појас, таа би била поголема од сите освен четирите најголеми астероиди (1 Церера, 2 Палада, 4 Веста и 10 Хигија). И покрај нејзината големина, проучувањата на нејзината светлинска крива укажуваат дека Хиијака не е гравитациски сплеснат сфероид; they further suggest that Хиијака не е во гравитациски зафат и има вртежен период од околу 9,8 часа.

Маса Масата на Хиијака се проценува на користејќи прецизна релативна астрометрија од вселенските телескопи „Хабл“ и „Кек“, и применувајќи го трителесниот масеноточкест модел врз Хаумеиниот систем.

Спектар и состав Во близуинфрацрвениот спектар на Хиијака преовладуваат впивни појаси кои упатуваат на површина сочинета од замрзната вода во кристален облик. Засега не е познато зошто мразот не добил аморфен облик, што би се очекувало поради постојаното дејство на космичките зраци.

Поврзано Хаумеини месечини

Наводи

Надворешни врски Откривањето на Хиијака — опис на Мајкл Браун Труд во кој се објаснува составот на Хиијака

Категорија:Хаумеини месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2005 година Категорија:Откритија на Мајкл Браун Категорија:Откритија на Чед Трухиљо Категорија:Откритија на Дејвид Рабиновиц Категорија:Тела забележани со ѕвездено прикривање