Ксенте Богоев (Леуново, – , ) — македонски економист, академик и универзитетски професор.

Дипломирал и докторирал на Економскиот факултет во Белград. Бил професор и декан на Економскиот факултет во Скопје (1960-1963), ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1965-1967), претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1968-1974), член на Претседателството на СРМ (1974-1977) и гувернер на Народната банка на Југославија (1977-1981). Член е на МАНУ од 1974, а во периодот 1992-1999 е и негов претседател.

Ксенте Богоев е автор на 250 научни и стручни трудови. Основоположник е на научните дисциплини од областа на фискалната и на монетарната теорија и политика. Добитник е на повеќе признанија и награди.

Награди Во 2007 година бил одликуван со Орденот за заслуги за Македонија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Луѓе од Леуново Категорија:Македонски политичари Категорија:Југословенски политичари Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Македонски економисти Категорија:Југословенски економисти Категорија:Македонски општественици Категорија:Југословенски општественици Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Ректори на УКИМ Категорија:Македонски академици Категорија:Југословенски академици Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Претседатели на МАНУ Категорија:Носители на Орденот за заслуги за Македонија Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет