Фортуна (19 Фортуна) — еден од најголемите астероиди во главниот појас. Има состав сличен на 1 Церера: тена површина која е мошне истрошена, со состав на примитивни органски соединенија, вклучувајќи толини.

Има пречник од 225 км и меѓу најтемните познати геометриски албеда за астероиди со пречници над 150 км. Измереното албедо изнесува 0,028 и 0,037. The spectra of the asteroid displays evidence of aqueous alteration.

Вселенскиот телескоп „Хабл“ извршил набљудувања на Фортуна во 1993 г. Од направените слики е изведен привиден пречник од 0,20 лачни секунди (4,5 пиксели во Планетарната камера) и утврдено е дека има речиси сферен облик. Не е утврдено присуството на месечини.

Астероидот неколкупати е забележан како прикрива ѕвезди. Проучуван е и со радар.

Откриен е од Џон Расел Хинд на 22 август 1852 г. и наречен по Фортуна, римска божица на судбината и среќата.

Фортуна е растроена од астероидот 135 Херта (80 км во пречник) и масата ѝ е првочно проценета на 1,08 кг. Во поново време истиот астроном дава поправена маса од 1,27 кг.

На 21 декември 2012 г. Фортуна (~200 км) безопасно минала покрај астероидот 687 Тинета, на растојание од 6,5 Гм.Создадено со Solex 10 by Aldo Vitagliano

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Астероиди од типот G Категорија:Астероиди од типот Ch Категорија:Откритија на Џон Расел Хинд Категорија:Астероиди наречени по ликови од римската митологија Категорија:Астрономски тела откриени во 1852 година