Цветко Крстев Зенговски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. По окупацијата на Македонија бил мобилизиран во бугарската фашистичка војска. Служел во Седумдесет и првиот пешадиски полк во Скопје. Во 1942 година како стражар на магацинот со оружје, бил откриен во моментот кога давал оружје и муниција за Народноослободителнато движење и партизаните. Поради тоа Воениот суд по кратка постапка го осудил на смрт. При извршувањето на смртната казна биле повикани неговите роднини и други луѓе со цел да се заплашат. Смртната пресуда, бугарскиот фашистички окупатор ја извршил кај Матка. И покрај малтретирањето во истрагата, храбро издржал и не предал ниту еден од соработниците на НОВ. Неговите посмртни останки биле погребани на селските гробишта. Неговиот брат Александар Зенговски, го изгубил животот во битките за ослободување на Банова Јаруга.
Поврзано
Александар Зенговски
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ