Петко Јанчевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а подоцна работел како рудар во Радуша. Бил познат како правичен и смел човек. Уште во 1942 година започнал организирано да работи против окупаторот. Истата година интензивно соработувал со партизаните на Шар Планина. Тој контакт го одржувал сè до смртта. Од партиската организација во Вратница добил задача да се пробие во соседното село Одри, населено со Македонци и Албанци. Како резултат на неговата активност, селото станало партизанска база. Во првата провала на 21 октомври 1943 година, по разбивањето на Шарпланинскиот одред, бил затворен од бугарскиот фашистички окупатор и одведен на стрелање во партизанската база. Непосредно пред стрелањето, ги бодрел другарите да не потклекнуваат пред непријателот. Пред да падне смртно погоден извикал на цел глас: „Да живее КПЈ и слободата!“

Поврзано Партизани и селани стрелани после првата провала на Шарпланинскиот одред биле ѝ:

Стефан Димовски Душан Крстевски Борис Николовски Веселин Илиевски Симче Настевски

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ