Самоилово Царство или Славинија — средновековна словенска држава на територијата на денешните Македонија,тема — „Македонија" основана je између 789. и 802. Њено име, с географс точке е нетачно, говори само о намери византијске владе да ову област користи као олскочну даску y обнављању праве Македоније која je тала још била y рукама Словена. Тема je обухватала срел',т-1гњи и западни део трачке равнице, главни град je био Адријанопољ, a други по важности Филипопољ. Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ, Превела Ксенија Тодоровић, ПРОСВЕТА, БЕОГРАД 1996, Бугарија (без Тракија), романска Добруџа, Србија (без Банат и Бачка), Црна Гора (без приморјето), Албанија, Косово и Северозападна Грција, која под водство на цар Самоил постоела од 969 до 1018 година. Тоа била првата држава на македонските Словени кои биле владеачки слој во неа настаната во нивното востание против Бугарија во 969 година. За престолнина на царството се смета Охрид, иако царскиот двор своевремено бил сместен и во други градови како Преспа. Најголемиот дел од населението било словенско. Некои византиски Како Јован Скилица: , хрватски Како Летопис попа Дукљанина: , арапски Како Јахија Антиохиски: и други историчари од средниот век ја нарекуваат оваа држава Бугарија, бидејќи Византијците (и другите народи) почнале да ги нарекуваат соседните словенски народи околу Византија Бугари (откако повеќето јужни Словени биле освоени од Бугарија).Крсте Петков Мисирков - За македонцките работи: Состауала, состауат и можит ли Македониiа да состауат од себе оддел‘на етнографцка и политична единица? По падот на оваа држава името Македонија било име на византиската тема (административна област) Македонија во одринска Тракија. Според македонските, хрватските и некои други академици на пример проф. д-р Хорас Лант од универзитетот во Харвард, САД во времето на Самоил бил завршен процесот на формирање на македонскиот народ (и почнал процесот на формирање на македонскиот јазик во денешна форма од македонската редакција на старословенскиот јазик и така велат и повеќето светски лингвисти денес). Но според тезите на многу историчари и теоретичари, не постоело диференцирање на посебни словенски народи во Самоиловото Царство. Од друга страна според македонскиот проф. Иван Микулчиќ, после освојувањата на Византиските земји од страна на бугарскиот владетел Симеон, словенските племиња на широкиот простор од Дунав до Егејот и од Јадранот до Црното Море го биле прифатиле заедничкиот етникон "Бугари".Откако биле освоени граничните византиски земји, од времето на Симеон е изменета и воената концепција. Извршена е симбиоза помеѓу малубројните азиски Прабугари и бројните словенски племиња кои на широкиот простор од Дунав на север, до Егеја на југ и од Јадран на запад, до Црното Море на исток го прифатиле заедничкиот етникон „Бугари”. Словенскиот јазик станал заеднички за сите жители на тој простор. Прабугарите се претопиле и исчезнале во словенските маси... "Средновековни градови и тврдини во Македонија", Иван Микулчиќ (Македонска академија на науките и уметностите — Скопје, 1996) стр. 72. Ова, заедно со покрстувањето и прифаќањето на словенскиот јазик за официјален, имале ефект на спречување на асимилацијата на тие Словени во византиската култура, кое го промовирало формирањето на посебен идентитет.Who are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000, ISBN 1-85065-534-0, pp. 19-20.A short history of modern Bulgaria, R. J. Crampton, CUP Archive, 1987, ISBN 0521273234, p. 5.

Населување на Словените и создавање на царството

Долгите налети на Словените кон Балканот, при крајот на 7. век, резултирале во изменет состав на населението на Македонија, која се стекнала со нови жители и станала словенска територија Око средине IX века велики део средње и јужне Македоније, око Охрид- « Photius, ep. 95, PG 102, 904—5.ског и Преспанског језера, где je углавном живело словен-ско становништво, припојен je бугарској држави. Македон-ски Словени су већ дуго били изложени утицају Византије који ce ширио од Солуна уз Вардар. Према томе, природно je претпоставити да су половином века неки већ били хриш-ћани. Вероватно je хришћанство и даље имало више обра-ћеника међу Словенима него међу Бугарима, Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ Превела Ксенија Тодоровић ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996. . Уште долго таа останала под византиска власт, а подоцна (во средината на 8. век) била присоединета кон Бугарија. По падот на Првото Бугарско Царство (971) и опаѓањето на Византиското Царство, Самоил, вешт воен водач и државник, создал силна држава чии граници ги опфаќале Македонија, Тесалија, Епир, Албанија и поранешните крајбрежни склавинии Дукља, Травуња, Захумје и регионот Неретва, дел од Србија (Рашка), Западна и Северна Бугарија.

Одметнување од Бугарија (969)

Мирните односи меѓу Византија и Бугарија биле прекинати во средината на 960-те години кога бугарскиот цар Петар се сетил да го побара данокот од Византија предвиден со договорот од 927 година. Никифор II не само што го одбил барањето, туку наредил бугарските пратеници да бидат натепани и да бидат протерани со навреди од Цариград. Така во 965-966 започнала војна меѓу двете држави. Бидејќи Византија била зафатена на Исток, за решавање на бугарскиот проблем го ангажирала киевскиот кнез Светослав. Во 968 кнезот Светослав со шеесетилјадна војска ја минал реката Дунав, и, како што соопштува Лав Ѓакон „од сите страни почнал да ги убива Мизијците [Бугарите]“. Притоа Светослав освоил повеќе бугарски градови. Хронологијата на овие настани сосема прецизно ни ја дава Кедрин-Скилица: „Четвртата година од неговото (Никифоровото) владеење во месец јуни на десетти индикт“, што значи јуни 967 година.

По овој руски успех Византија увидела дека Русите би биле поголема опасност за неа отколку Бугарите и затоа ги наговорила Печенезите да го нападнат Киев. Поради тоа Светослав се повлекол од Бугарија и заминал да го брани Киев. Никифор ја сменил политиката кон Бугарија и како резултат на таа промена дошло до склучување на Византиско-бугарски договор за мир во 968 година. За овие настани, освен Скилица податоци ни дава и Лиутпранд, којшто во 968 година престојувал во Цариград и таму се сретнал со еден бугарски пратеник, којшто „бил истрижен по варварски како некој Унгарец, носел железен синџир и бил некрстен“. Како гаранција за мирот, а бидејќи во меѓувреме умрела жена му Марија, којашто дотогаш била гарант на мирните односи, царот Петар ги дал своите два сина Борис и Роман за заложници во Цариград. Набргу потоа Петар умрел (30 јануари 969 год.).

Сега бугарската држава останала без цар, Петровите синови биле далеку од својата татковина. Таквата состојба ја искористиле комитопулите: Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, синови на комитот Никола и организирале востание (побуна, апостасија) и ја „вознемируваа државата на Бугарите“. Во врска со тоа Скилица вели:

Значи, војната на Бугарите против Византија и Киевска Русија, што се водела во подунавските бугарски предели, била причина да ослабнат бугарските позиции во Македонија и да се создадат поволни услови за реализација на идеата на комитопулите за отцепување од бугарската држава. Тоа отцепување било изведено во југозападна Македонија од каде што се проширило и во другите македонски области.

Во прилог на тоа се и податоците што ни ги дава Јован Геометар во неговата песна „За комитопулот“ во којашто појавата на комитопулот ја датира „при заодот (смртта) на Никифор“, што значи во 969 година. Слично вели и Јован Зонара: „Петар, еден од предводниците на Бугарите, откако умре жена му, за да го обнови договорот со Ромеите, ги даде своите два сина Борис и Роман како заложници и умре. На неговите деца пак им беше дозволено да одат и да ја земат татковата власт, зашто четворицата синови на еден од комитите во Бугарија: Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, одметнувајќи се ги разбунтуваа Бугарите“.

Кога во Цариград дознале дека комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, отворено се подготвувале за побуна и отцепништво и веќе постигнале извесен успех, веднаш ги испратиле Борис и Роман за да го зачуваат татковото царство и да ги спречат комитопулите во нивното натамошно напредување, како што наведува Скилица. Тоа значи дека византиските штитеници Борис и Роман, требало со поддршка од византискиот двор да ја зачуваат единствената бугарска држава, против која станале (од која се одделиле) комитопулите или се обиделе да се отцепат од неа. Комитопулите имале успех и по отстанувањето на бугарската власт уште во 969 година на ослободената територија била создадена нова држава на Балканот позната како Самоилова, по основачот на царската династија.

Иако византискиот штитеник Борис седнал на бугарскиот престол како цар Борис II (969-971) тој не успеал да ги спречи комитопулите во нивното напредување. Во полза на комитопулите било второто навлегување на Светослав во Бугарија (во летото во 969 година). Бугарскиот владетел поради зафатеноста со Русите бил оневозможен да се пресмета со комитопулите и да ја ликвидира новосоздадената држава.

Повторното руско навлегување во Бугарија (крајот на јули или почетокот на август 969 година) се разликувало од првото, во првиот случај тој навлегол по покана на Византија, а сега самоиницијативно. Овој пат Светослав бил привлечен од „Перејеславец“ (Мал Преслав) на Дунав, кој го сметал за „средина“ на својата земја. Светослав се носел со идејата да формира своја држава во Бугарија. Во оваа втора Руско-бугарска војна Византија застанала на страната на Бугарија. Причина за тоа биле успесите на Светослав, кој од Византија побарал да се повлече од Балканот и истиот да му го предаде нему. Во ова второ навлегување Светослав имал големи успеси, го заробил дури и бугарскиот цар Борис II. Ова посебно им одело во прилог на комитопулите и на нивната држава во Македонија. Комитопулите останале слободни и непокорени на својата територија, доста оддалечени од воените операции на Русите. На нивна територија бегале жителите од загрозените делови на Бугарското Царство и со тоа ја јакнеле воената сила на комитопулите. мини|Одведувањето на бугарскиот цар Борис II во Цариград во 971 г. го означило крајот на Бугарското царство. Додека комитопулите непречено и внимателно само го следеле руското навлегување на Балканот, со тоа не можел да се помири византискиот император Јован Цимискиј. Дошло до решавачка војна меѓу Византија и Светослав, која започнала во пролетта во 971 година. Јова Цимискиј имал успех и го „ослободил“ Борис II од руското заробеништво, но по протерувањето на Русите од Бугарија не го оставил Борис II на престолот, туку го одвел во Цариград каде што му ги симнал царските знаци и круната, којашто ја однел во црквата „Св. Софија“ и му ја подарил на Бога за успехот во војната. Бугарија, поточно североисточните делови на Петрова Бугарија, била претворена во обична византиска провинција и вклучена во тематскиот систем на Византија.

Увидувајќи ја византиската моќ, комитопулите по се изгледа ја признале врховната византиска власт. Формално тие биле потчинети на централната византиска администрација, а пред се на василевсот. Во прилог на комитопулите бил фактот што тие не војувале против Византија и не се отцепиле од неа, туку против Бугарија. Иако ја признале врховната византиска власт тие задржале широка автономија на управување, за што сведочи фактот дека на територијата со која владееле немало формирано византиска тема и воведено византиска управа. Станува збор за областите западно од градот Сердика (Софија), најголемиот дел на територијата на Македонија, од Скопска Црна Гора на север каде што била границата со византиската управа во Рашка, на југоисток до средниот тек на реката Струма и темата Стримон-Крушево, на југ до малите теми Драгувитија, Бер и Едеса, темата Хелада со центар во Лариса и на запад областите до темите Драч, Јерихо и Никопол. Византиска управа немало во градовите Костур, Сервија, Битола, Охрид, Белград (Берат), Дебар, Прилеп, Скопје, Велес, Штип, Струмица и Сердика.

Црковна организација мини|десно|Базиликата Св. Ахил во Преспа