Раштеде (; ) — општина во округот Амерланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на 12 километри северно од слободниот град Олденбург и околу 25 километри од Северното Море.

Географија

Раштеде се наоѓа на источниот раб од Олденбургер Гест, кој продолжува во округот Везермарш.

Општински единици

Кон општината Раштеде припаѓаат следниве 27 места:

Општински единици Раштеде I Раштеде II Лојхтенбург Хостемост Зиденде I Зиденде II Клајброк Делфсхаузен Клајненфелде Нојзиденде I Нојзиденде II Ханкхаузен I Ханкхаузен II Лој Лемдермор Баргхорн Ванбек Ипвеге Ипвегермор Хан-Лемден Нетен Бекхаузен Вапелдорф Хојбилт Раштедерберг Лите Лее  

Соседни општини

Соседни општини се Вифелштеде (округ Амерланд) на запад, Фарел (Фризија) на север, Јаде (округ Везермарш) на североисток, Овелгене (округ Везермарш) на исток, Елсфлет (округ Везермарш) на југоисток и слободниот град Олденбург на југ.

Познати луѓе

Херман Шуслер (1842-1919) — инженер и градител на брани Август (голем војвода на Олденбург) (1783-1853) — голем војвода на Олденбург Кристијан (војвода на Олденбург) (р. 1955) — војвода на Олденбург

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Амерланд Категорија:Општини во Долна Саксонија