Дабар ― жупа односно дел од средновековното кнежевство Захумје (подоцна „Хум“). Првпат се споменува во 10 век, во „За управување на Империјата“, како еден од петте населени градови на Захумје. Бил викан Добрискик. Дабар бил сместен околу Дабарското Поле, и граничел со Дубрава на запад, Невесиње на север, Фатница на исток и Попово на југозапад. Етимологијата на топонимот Дабар е поврзан со животното дабар.

Имало друг регион со истото име во долината на реката Лим, кој бил дел од Српското Кралство до 1373 година, кога босанскиот бан Твртко I го приклучил во неговата држава.

Наводи

Извори

Категорија:Босна и Херцеговина во средниот век