__NOTOC__ Згожелечки Округ () — округ во Долношлеското Војводство, Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Се наоѓа во крајниот југозапад на земјата, на тромеѓата со Германија и Чешка. Седиште е Згожелец, сместен на границата со Германија; други градови се Богатиња, Пјењск, Завидув и Венглињец.
Округот зафаќа површина од и во 2019 г. броел 89,612 жители. Најнаселени градови се Згожелец (30.374) и Богатиња (17.436).
Соседни места Згожелечкиот Округ се граничи со Жарскиот и Жагањскиот на север и Болеславјечкиот и Лубањскиот на исток. На југ Чешка (округот Либерец), а на запад со Германија (округот Герлиц).
Административна поделба Округот се дели на седум општини од кои све се градски, три се градско-селски и две се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.
ОпштинаВидПовршина(км2)Население(2019)СедиштеЗгожелецградска15,930.374—Богатињаградско-селска136,223.083БогатињаПјењскградско-селска110,39.068ПјењскЗгожелецселска136,08.504Згожелец*Венглињецградско-селска338,48.351ВенглињецСуликувселска95,26.052СуликувЗавидувградска6,14.180—* седиштето не е дел од општината
Наводи
Надворешни врски
Портал на Згожелечкиот Округ
Категорија:Окрузи во Долношлеското Војводство Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година