Зоре Фиданов Алексоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис По занимање бил земјоделец. Во народоослободителното движење се вклучил уште во летото 1943 година, кога стапил во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред, а со основањето на Првата македонско-косовска бригада, влегол во нејзиниот состав. Со Бригадата, тој учествувал во борбите во Егејска Македонија и Богомила. Враќајки се со главнината на Бригадата, загинал кај селото Велмеј, Охридско, во борба против Бугарите во април 1944 година.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ