Грамади — археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци. Претставува населба од римско време. На 750 м источно од локалитетот Топот, од левата страна на патот Уланци-Убого и во близината на утоката на Брегалница во Вардар, по површината на нивите на ЗИК „Лозар“ се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од градежен материјал.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 87, ISBN 9789989101069
Поврзано Грамади — населба од римското време; Димов Гроб — некропола од железното време; Србиново — населба и некропола од доцноантичкото време; Столот — населба од преминот од бронзеното во железното време и од хеленистичкото време; Страната — населба - викус од доцноантичкото време; Топот — утврдена населба - опидум од римското време; Уланци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Уланци