Иваница — археолошко наоѓалиште во велешкото село Лисиче. Претставува населба од доцноантичкото време. На 800 м источно од селото, во нивите од десната страна на патот за Еловец, на површина од околу 2,5 хектари се среќаваат делови од керамички садови и градежен материјал. Биле откриени и повеќе питоси кои се чуваат во селото, а најдени биле мермерна плоча со старогрчки натпис и мермерен столб кои не се зачувани.
Поврзано Лисиче; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи