Бреза — населба од доцноантичкото време. На 12 километри источно од Берово, на простор од околу 300×200 м се среќаваат фрагменти од римски покривни ќерамиди, питоси и керамички садови. Овде се најдени неколку римски и старохристијански монети кои се чуваат во Музејот на Македонија.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Врчвите — некропола – тумули од железното време; Градиште — населба и некропола од доцноантичкото време; Долно Градиште-Јабланица — населба од римското време; Келаклевец — населба од доцноантичкото време; Ковачилница — утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век; Куќата — населба од римското време; Линако — населба од доцноантичкото време; Пашајлов Преслап — населба од доцноантичкото време; Попов Рид — градиште од доцноантичкото време; Свети Архангел Михаил — средновековни јами; Селца — населба од римското време; Шабанско Градиште — градиште од доцноантичкото време; и Широк Дол — могили од доцноантичкото време.
Поврзано Мурите — споменик на природата недалеку од Бреза
Наводи
Категорија:Берово Категорија:Пехчево