Ковачилница — утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на 7 километри источно од Берово, лево од коритото на Брегалница, на височина скриена во планинскиот предел. Јужната и северната страна се стрмни и опкружени со суводолици, додека другите две се малку поблаги и преку мали преслапи се надоврзуваат на ридот Градиште. На самиот врв на височинката има елипсовиден простор, со димензии од 25x15 метри, опкружен со остатоци од бедем и речиси целиот покриен со кршен камен и згура од топена руда. На падините, особено од западната и југозападната страна, се среќаваат фрагменти од атипична керамика од железното време, како и од доцноантичкото време. Наоѓалиштето е доста прекопано од трагачи по злато.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бреза — населба од доцноантичкото време; Врчвите — некропола – тумули од железното време; Градиште — населба и некропола од доцноантичкото време; Долно Градиште-Јабланица — населба од римското време; Келаклевец — населба од доцноантичкото време; Куќата — населба од римското време; Линако — населба од доцноантичкото време; Пашајлов Преслап — населба од доцноантичкото време; Попов Рид — градиште од доцноантичкото време; Свети Архангел Михаил — средновековни јами; Селца — населба од римското време; Шабанско Градиште — градиште од доцноантичкото време; и Широк Дол — могили од доцноантичкото време.

Наводи

Категорија:Берово