Велко Цветков Велков познат под псевдонимот Велко Скочивирски или Скочивирчето (Скочивир, 5 април 1877 — Клепач, 15 мај 1906) — македонски револуционер, војвода во прилепскиот реон за Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО).

Биографија

Велко Скочивирчето е роден на 5 април 1877 година во мариовското село Скочивир, тогаш во Отоманското Царство, но по потекло бил од Чеган.Костески - Швака, Зоран. Мариово - Жива историја, Мариово филм, Скопје, 2020, с.236 Се приклучил на ТМОРО и станал комита под водство на Ѓорѓи Сугарев. Подоцна станал регионален војвода во Прилепско. Во 1905 година, тој водел активна борба против грчката пропаганда што била ширена во Мариово.Official Documents Concerning the Deplorable Condition of Affairs in Macedonia, Constantinople, At the printing press of the Patriarchate, 1906, рр. 118-119. Загинал со целиот свој одред во битка против османлиската војска кај селото Клепач на 15 мај 1906 година.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация : Войводи и ръководители (1893-1934) : Биографично-библиографски справочник. София, Издателство „Звезди“, 2001. ISBN 954-9514-28-5. с. 26.Трайчевъ, Георги. Градъ Прилѣпъ. Историко-географски и стопански прегледъ. София, Печатница „Фотиновъ“ № 1, 1925. с. 268. Погребани се во дворот на селската црква „Свети Архангел Михаил“. За него се пее народната песна „Велко војвода се моли на Бога“.

{| class="wikitable collapsible collapsed" ! colspan="5" | Четата на Велко Скочивирчето, 1906 година |- ! Број !! Име и презиме !! Родно место |- || 1. || Велко Скочивирчето'|| Скочивир |- || 2. || Христо Романов || Брник |- || 3. || Димитар Берански || Беранци |- || 4. || Димитар Енимале || Битола |- || 5. || Костадин Енимале || Битола |- || 6. || Неделко Долиманов || Српци |- || 7. || Стрезо Милев || Клепач |- || 8. || Стојан Ѓорчев || Клепач

|| 9. || Тасе Костов || КрушевицаМенуваме споменици, јаваме кон Европа, tribuna.mk, 27.9.2021 г.

Спор за споменикот

Веројатно за време на Првата светска војна, 10 години по смртта на овие комити, во селото Клепач била поставена надгробна спомен-плоча од страна на бугарската војска, со имињата на убиените и натпис „Тие загинаа за слободата на Македонија и обединувањето на Бугарија. Кој паѓа во борбата за слобода, не умира“.

Во 2021 година, споменикот бил заменет со таков на македонски јазик, во која бил отстранет текстот за Бугарија. Службените власти во Бугарија, сметале дека презимињата на четниците на новата плоча претставуваат фалсификување. Истрагата утврдила и дека надгробната плоча не потпаѓа на ниту еден статус на заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и надгробна плоча.https://emagazin.mk/chlen-na-seme-stvoto-na-vo-vodata-samiot-odluchil-da-a-promeni-nadgrobnata-plocha-za-ko-a-reagirashe-bugarskoto-mnr/ Според Шило Магазин'' имињата и презимињата на новата плоча се запишани на македонски јазик и во облик во која ја употребуваат самите селани и роднините на загинатите комити.

Според МНР член на семејството на војводата Велко, во договор со црковниот одбор на црквата „Архангел Михаил“, на своја иницијатива и ангажман ја извршил замената на надгробната плоча, при што самоволно одлучил да ја смени содржината и јазикот. Според владиката Петар Преспанско-пелагониски селаните на селото Клепач не сакале фалсификувана историја од страна на Бугарија, па затоа едногласно одлучиле да ја сменат плочата и да го сменат тој дел од содржината, натаму таа да биде на македонски јазик, зашто меѓу загинатите имало и нивни денешни директни наследници.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија