Пржалка или Пржелка — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Сирково, Општина Росоман. Претставува населба од римско време која постоела од II до V век.

Во непосредната близина на автопатот Градско - Прилеп, на простор од 100 × 70 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси, како и градежен камен.

Во 2020 г. на наоѓалиштето се вршени заштитни зафати и сондирање со цел да се утврди можносто присуство на дополнителни објекти кои би се заштитиле од уништување со надоградбата на автопатот А1 (т.е. делницата Градско - Прилеп).

Поврзано Поточе - Бавче Сирките Струплива Чешма Табаница Чернец Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко

Наводи