Капитан Прат () — една од четирите покраини на чилеанскиот регион Ајсен (XI). Главен град на покраината е Кокран. Покраината е именувана по поморскиот херој Артуро Прат.

Географија и население

Покраината е осма најголема по површина и четврта најмалку населена во континенталниот дел на Чиле. Според спроведениот попис од Националниот статистички институт (INE) во 2002 година, покраината имала население од 3.837 жители.

Управа

Како покраина, Капитан Прат е второстепена административна единица, предводена од назначениот гувернер.

Општини

Покраината се состои од три општини: Кокран, О'Хигинс и Тортел.

Поврзано Каретера Аустрал

Наводи

Надворешни врски Влада на Капитан Прат

Категорија:Покраини во Чиле