Дебело Брдо () — врв на планината Беласица, на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 1.951 м.

Се издига на главното планинско било, западно од врвот Пункова Скала и источно од првенецот Радомир. На север од него се одвојува Дебели Рид. Има куполест облик и благи падини. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Обраснат е со подалпска тревна растителност. По билото поминува државната граница помеѓу Бугарија и Грција. Врвот е обележан со граничната пирамида бр. 26.

Искачување Главниот приодни места за искачување на Дебело Брдо се градот Петрич и планинарските домови „Беласица“ и „Конгур“.

Поврзано Радомир (врв) Конгур

Наводи

Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Врвови во Егејска Македонија Категорија:Врвови на Беласица Категорија:Општина Петрич Категорија:Синтика Категорија:Бугарско-грчка граница