мини|десно|Турбето на Насредин Оџа. Акшехир () — град округ во покраината Конија на регионот Средна Анадолија, Турција. Во 2012 г. округот броел 94.575 жители, од кои 62.054 живееле во самиот град. Познат е како градот во кој живеел Насредин Оџа
Градот е сместен во крајниот дел на плодна низина, на северниот дел од планината Султандаг.
Историја Во антиката тука постоело населеното место Филомелион, сместено долж големиот грчко-римски пат од Ефес на исток. Познато е дека во него престојувал Цицерон на пат за Киликија бидејќи одовде напишал неколку писма. Гратчето е споменато и во врска со мачеништвото на апостолскиот отец Поликарп Смирнски. Подоцна местото одиграло важна улога во пограничните војни помеѓу Византија и Иконискиот Султанат.
Филомелион станал важен град на Селџуците, а кон крајот на XIV век им припаднал на Османлиите. Се смета дека тука загинал султанот Бајазит I по неговото учество во Битката кај Ангора.
Знаменитости и култура Меѓу знаменитостите во градот се врбојуваат следниве: Турбе (гробница) на Насредин Оџа, чија автентичност е оспорена Турбе на Сејди Махмут, ученик на славниот суфија Руми Куќата во која бил сместен генералштабот во последната етапа на Грчко-турскаta војна (1919 - 1922)
Секоја година од 5 до 10 јули се одржуваат настани во чест на Насредин Оџа.
Поради богатото архитектонско наследство, Акшехир е член на Европското здружение на историски градови и подрачја.
Поврзано Догруѓоз
Наводи
Извори
Бројки за Акшехир
Надворешни врски
Акшехир на Википатување Портал на округот Акшехир Службена страница на окружниот управник
Категорија:Градови во Турција Категорија:Окрузи во Турција Категорија:Конија (покраина)