Поповица — некропола и тумули од железното време. Во источниот крај на селото, до основното училиште, на самиот излез во правецот на селото Мачево, на местото на старите гробишта има 5 тумули од кои првиот и вториот се оддалечени 18 метри, имаат пречник од околу 13-14 метри во основата и височина до 1,5 метри. Другите три тумули се сместени на 200 метри западно од првите, распоредени се во форма на триаголник и се речиси со исти димензии.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Авлија — некропола — могила од римското време; Градиште — градиште од римското време; Каменица — населба од доцноантичкото време; Лаките-Селиште — населба од римското време; Присој — населба од доцноантичкото време; Селиште — населба од римското време; и Чука — могила од римското време.
Наводи
Категорија:Будинарци