За други тврдини со истото име, видете Маркови Кули

мини|десно|250п|Реконструкција на тврдината Маркови Кули или КожлеМикулчиќ, И. (1996). „Средновековни градови и тврдини во Македонија“. Македонска академија на науките и уметностите. Скопје. стр. 290. — археолошко наоѓалиште во близината на скопското село Летевци. Претставува градиште и тврдина од римско и доцноантичко време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Местоположба Тврдина се наоѓа на околу 1,6 км источно од селото Кожле и 1,2 км јужно од Летевци, околу 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Се простира тесен и издаден карпест рид со стрмни страни во теснецот на Пчиња околу кој реката образува голем лак. Тврдината се издига 70 м над реката и со мало седло од источната страна е одделена од повисоките планински предели, а денес преку седлото поминува автопатот Скопје-Велес. На местото има стара патека којашто ја премостува реката, поврзувајќи ги двете антички треси долж вардарската магистрала, западно и источно од Марковите Кули.

Историја Античко време Преку ерозија на седлото источно од Марковите Кули се разголени повеќе стари гробови од доцноримско и од железно време. На тоа место во доцноантичкото време поминувла граничната линија меѓу римските провинции Македонија и Дарданија (Горна Мизија), а таму била изградена гранична тврдина од којашто биле надгледувани двете траси на вардарската магистрала.Микулчиќ, И. (1996). „Средновековни градови и тврдини во Македонија“. Македонска академија на науките и уметностите. Скопје. стр. 290-291.

Среден век Во средниот век била изградена целосно нова тврдина, а нејзиното јадро било поставено на највисоката точка. Таа имала неправилен јајчест облик со влез на источната страна којшто бил бранет со масивна кула. Јадрото и кулата потекнуваат од најстарата градежна фаза, веројатно од доцниот 12 или од 13 век. Во западниот ѕид била вградена друга кула со тесна правоаголна основа, којашто заедно со обѕидот до неа потекнува од втората градежна фаза, некаде од доцниот 13 или од 14 век. Внатре во обѕидот била сместена куќата на господарот на тврдината, чијшто сутерен е потпрен на јужниот ѕид. Таа претставува трпезарија (рицарска сала) со димензии 24 х 6 м, а наспроти неа имало друга градба. Врз основа на целиот распоред на обновеното јадро се заклучува дека местото претставува феудален замок.Микулчиќ, И. (1996). „Средновековни градови и тврдини во Македонија“. Македонска академија на науките и уметностите. Скопје. стр. 291-292.

На падината северно и источно од замокот се простирал стопанскиот дел, којшто исто така бил укрепен со малтерен обѕид од втората градежна фаза. Тој има димензии 153 х 55 м, а истакнатите агли во западниот, југозападниот и североисточниот дел биле зајакнати со кули. Кулите имаат неправилни основи и доста слаби ѕидови, коишто се карактеристични за тоа време. Најранлив бил источниот ѕид, свртен кон седлото, којшто подоцна бил зајакнат со предѕид и потоа со уште една кула и полукула. На полукулата се забележуваат вкрстени делови од постариот и помладиот ѕид со којшто тврдината била проширена кон исток во третата градежна фаза. На тоа место е сочуван и дел од стариот ѕид со првобитното круниште (опход и парапет), коишто се вклопени странично во предниот дел на полукулата. Северниот дел исто така има неколку големи преправки во вид на три паралелни ѕидови и две заѕидани порти од третата градежна фаза. Тврдината претставува еден од најдобро зачуваните објекти од 13 и 14 век врз основа на којшто може да се следи развојот на градежништвото во тој период.Микулчиќ, И. (1996). „Средновековни градови и тврдини во Македонија“. Македонска академија на науките и уметностите. Скопје. стр. 292.

Тврдината се споменува во српските црковни повелби од времето на царот Стефан Душан. Со неа управувал кефалија, што укажува дека се работело за кралска (државна) тврдина. Таа го надгледувала вардарскиот пат во теснините меѓу Скопското и Велешкото Поле. До 1230 година, кога Србите ги освоиле граничните византиски тврдини Велешко Кале, Чрешче, Исар и Просек, Марковите Кули претставувале српска гранична стража и најистурена точка кон Византија. За време на владеењето на царот Стефан Душан, тврдината се граничела со феудалниот имот на Кожленскиот манастир.Новаковић, С. (1912). „Законски споменици српских држава средњег века“. Београд. стр. 701, 704. Манастирската црква „Св. Никола“ била на 1 км јужно од тврдината, делумно вѕидана во една пештера во кањонот на реката Пчиња. Во 16 век, црквата била обновена како „Св. Богородица“. На 200 м југоисточно од тврдината се наоѓа друга прештера, чијшто влез во средниот век бил делумно заѕидан и во горниот дел имал лак украсен со керамика, и во средниот век служела како скит (испосничка ќелија).

Галерија

Поврзано Марково Кале Марков Манастир Марков Град Маркови Кули (Водно) Маркова Сушица Крале Марко

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тврдини во Скопско Категорија:Тврдини во Македонија Категорија:Летевци Категорија:Крал Марко