Група на Осумте280п|Карта на земјите од Г8 и Европската Унија
Премиер Стивер Харпер
Претседател Емануел Макрон
Канцелар Ангела Меркел
Премиер Матео Ренци
Премиер Шинзо Абе
(суспендирана) Претседател Владимир Путин
Премиер Борис Џонсон
Претседател Џо Бајден
(претседавач за 2014 г.) Претседател на Советот Херман ван Ромпуј Претседател на Комисијата Жозе Мануел Барозо
Група на Осумте (Г8) — име на групата влади на осумте водечки индустријализирани земји. Таа претставува неформална група која иницира дискусии на определени теми, но не донесува официјални одлуки.J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, 356. Првично, групата била создадена од шесте водечки индустријализирани држави, а подоцна била проширена за уште два члена. Русија, која била поканета да се приклучи како последен член, била исклучена од групата на 24 март 2014 година, како последица на нејзината вмешаност во Кримската криза во Украина. Така групата сега е составена од седум држави и ќе продолжи да се состанува како Г7.
Групата била создадена во 1975 година на самитот одржан во Рамбује (Rambouillet), Франција, на кој присуствувале претставници на шест влади: Франција, Западна Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, под името Група на Шесте или Г6. Во 1976 година, Канада се приклучила на групата (со што се создала групата позната како Г7). Г7 е составена од седумте најбогати и најразвиени држави во светот (по националното нето богатство или по БДП) и останала активна дури и во периодот на Г8. Во 1997 година се приклучува и Русија (членка до 2014 година), со што се создава Г8. Иако Европската Унија е претставена во рамките на Г8, таа не може да биде домаќин или претседавач.До неодамна, ЕУ немала право да организира самит или да биде претседавач. Претставувана е од Европската комисија и претседателот на Советот. На 40. самит на групата, Европската Унија по првпат била домаќин и претседавач на самитот.
„Г8“ може да се однесува на земјите-членки во целина или на годишниот самит на шефовите на влади и држави на Г8. Поранешниот назив Г6 сега најчесто се однесува на шесте најнаселени држави во рамките на Европската Унија. Министрите на Г8 исто така се состануваат во текот на годината, како министрите за финансии на Г7/Г8 (кои се сретнуваат четири пати годишно), министрите за надворешни работи или министрите за животна средина на Г8.
Севкупно, во 2012 година, земјите на Г8 образувале 50,1% од глобалниот номинален БДП во 2012 и 40,9% од глобалниот БДП (ПКМ). Секоја година, одговорноста за организирање на самитот на Г8 се менува низ земјите членки во следниот ред: Франција, САД, Велика Британија, Русија, Германија, Јапонија, Италија и Канада. Претседавачот на претседателството поставува дневен ред, го организира самитот таа година и одредува кои министерски состаноци ќе се одржат. Во последно време, Франција и Велика Британија изразуваат желба за проширување на групата со пет земји во развој, нарекувајќи го Плус Пет: Бразил (7. земја во светот по номинален БДП), Кина (2. земја во светот по БДП), Индија (10. земја во светот по БДП), Мексико и Јужна Африка. Овие земји учествувале како гости на состаноците кои понекогаш се наречени Г8+5.
Со растот на групата Г20 големи економии во углед, по самитот во Вашингтон во 2008 година, светските водачи од групата објавиле на нивниот самит во Питсбург на 25 септември 2009 година, дека групата ќе го замени Г8 како главен економски совет на богатите народи.
На 24 март 2014 година, првобитните земји на Г7 изгласале моментално суспендирање на Русија од организацијата како одговор на руското припојување на Крим;http://www.nytimes.com/2014/03/25/world/europe/obama-russia-crimea.html?hp меѓутоа, било истакнато дека суспензија била привремена.
Историја
мини|240п|На 34. самит на Г8 во Тојако, формална фотографија за светските водачи — Силвио Берлускони (Италија), Дмитриј Медведев (Русија), Ангела Меркел (Германија), Гордон Браун (Велика Британија), Јасуо Фукуда (Јапонија), Џорџ В. Буш (САД), Стивен Харпер (Канада), Никола Саркози (Франција), Жозе Мануел Барозо (ЕУ) — на 7 јули 2008 г.
Замислата за постоење на група составена од водечките индустријализирани земји во светот се појавила пред нафтените кризи во 1973 година. На 25 март 1973 година, американскиот министер за финансии Џорџ Шулц свикал неформален собир на министрите за финансии од Западна Германија (Хелмут Шмит), Франција (Валери Жискар д’Естен) и Британија (Ентони Барбер) пред претстојниот состанок во Вашингтон. Кога идејата му се допаднала на претседателот Никсон, кажал дека сепак ќе биде надвор од градот, но ја понудил да се искористи Белата куќа; состанокот подоцна бил одржан во библиотеката на приземјето.<ref>Shultz, George P., Turmoil and Triumph: My Years as Secretary of State, 1993, p. 148 ISBN 0-684-19325-6</ref> Врз основа на името на собар, оваа првобитна група на четворицата станала позната како „Библиотечна група“.Bayne, Nicholas et al. (2000). Hanging in There, p. 34. Во средината на 1973 година, на состаноците на Светска банка и ММФ, Шулц предложил да се додаде Јапонија на првичните четири земји, а другите се согласиле.Shultz, ibid. Неформален собир на високи финансиски функционери од САД, Велика Британија, Западна Германија, Јапонија и Франција станале познат како „Група на Петте“.Farnsworth, Clyde H. "A Secret Society of Finance Ministers," New York Times. May 8, 1977.
Наредната година била една од најдинамичните во повоената ера. Шефовите на влади или држави на десетте индустриски земји паѓале поради болест или скандали. Имало двапати избори во Велика Британија, тројца канцелари во Западна Германија, тројца претседатели во Франција, тројца премиери во Јапонија и Италија, двајца американски претседатели, а премиерот Трудо на Канада бил приморан на предвремени избори. Членовите на „Групата на Петте“, сите биле нови во работата, со исклучок на премиерот Трудо.
Во 1975 година, Шмит и Жискар Д'Естен биле нови шефови на влади и држави во нивните соодветни земји и бидејќи и обајцата говореле течно англиски, лесно можеле да се договараат со британскиот премиер Харолд Вилсон и американскиот претседател Џералд Форд. Така, кон крајот на пролетта, францускиот претседател ги поканил водачите од Западна Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД на самит во замокот Рамбује; шестемина водачи се согласиле да се одржува годишен состанок кој ќе се менува помеѓу земјите, со што се создала Групата на Шесте (Г6). Следната година, откако Вилсон не бил повеќе премиер на Британија, Шмит и Форд побарале да се повика и Канада и групата станала Група на Седумте (Г7). Европската Унија е претставена од Претседателот на Европската комисија и од водачот на земјата која го поседува претседателството на Европската Унија. Претседателот на Европската комисија учествувал на сите состаноци откако првпат бил поканет од Велика Британија во 1977 година, додека Претседателот на Советот исто така редовно присуствува на состаноците.
По самитот на Г7 во Неапол во 1994 година, руски функционери одржале одвоени состаноци со водачите на Г7 по состаноците на групата. Овој неформален аранжман бил наречен како Политичките 8 (П8) — или, вообичаено, Г7+1. На покана на премиерот на Велика Британија Тони Блер и претседателот на САД Бил Клинтон, претседателот Борис Јелцин бил отприн поканет како гостин набљудувач, а подоцна како целосен учесник. Било сметано дека ова е начин да се охрабри Јелцин со неговите капиталистички реформи. Русија службено ѝ се приклучила на групата во 1998 година, со што станале на Група на Осумте, или Г8.
Храна
Главна грижа на Г8 од 2009 година било глобалното обезбедување на храна. На самитот во Лаквила во 2009 година, членовите на Г8 ветиле дека ќе обезбедат 20 млрд. долари за проблемот во следните три години. Оттогаш, само 22% од ветените фондови биле обезбедени.
На самитот во 2012 година, претседателот Барак Обама планирал да ги праша водачите на Г8 да ја прифатат политиката која ќе дозволи приватизирање на инвестициите во храна.
Кримска криза и руската суспензија
На 2 март 2014 година, останатите членови на Г8, Европската Унија и Европската комисија го суспендирале планираниот состанок на Г8 во рускиот град Сочи и наместо тоа се сретнале како Г7 во Брисел, обвинувајќи ја Русија за вмешаност во Кримската криза. По суспензијата на самитот, на 18 март, францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус тврдел дека Русија била суспендирана од Г8; меѓутоа, германската канцеларка Ангела Меркел и гласноговорникот на француското министерство за надворешни работи Ромен Надал објасниле дека Русија ќе остане член на Г8 и дека само состанокот ќе биде суспендиран.
Додека го посетувал Киев, Украина, на 22 март, канадскиот премиер Стивен Харпер изјавил дека го поддржува исфрлувањето на Русија од Г8 и дека очекува да се дискутира за можното исфрлање со другите водачи на Г7 на претстојниот состанок во Хаг. На 24 март, водачите на Г7 се сретнале во Хаг, без да биде присутна Русија и официјално изгласале суспендирање на членството на Русија од Г8. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно во истиот ден изјавил дека Г8 била неформална организација и дека членството е само избор за Русија.
Структура и активности
мини|240п|Водачите на Г8 на 18 јуни 2013 година, во Лох Ерн, Северна Ирска, Обединетото Кралство
На Г8 намерно му недостасува административна структура како оние на меѓународните организации, како Обединетите нации или Светската банка. Групата нема статут, изјава за мисијата, формална организациска структура, постојан секретаријат или канцеларии за нејзините членки.
Претседателството на групата се менува секоја година помеѓу земјите членки, а секоја нов мандат започнува на 1 јануари во годината. Редоследот на ротацијата е следен: Франција, САД, Велика Британија, Русија, Германија, Јапонија, Италија и Канада. Државата која го има претседателството е одговорна за планирање и организирање низа состаноци на министерско ниво, како и самитот на шефовите на влади и држави. Претседателот на Европската комисија учествува подеднакво на сите настани на самитот.Министерство за надворешни работи на Јапонија: Состаноци во минатото; Европска Унија: „ЕУ и Г8“
Покрај годишните состаноци кои се посветени на економските прашања, Г8 организира и министерски форуми насоечни кон определени области, како: невработеноста, криминалот, енергијата, тероризмот итн. Исто така, повремено се формираат работни групи (task forces) за обезбедување информации за перењето пари. На министерските состаноци присуствуваат одговорните министри за различни области за да разговараат за заеднички или глобални проблеми. Темите се однесуваат за здравството, спроведувањето на правото, трудот, економскиот и општествениот развој, енергијата, животната среда, надворешните односи, правда и внатрешни работи, тероризмот и трговијата. Постојат и одделни средби познати како Г8+5, создадени за време на самитот во Шкотска во 2005 година, на кој присуствувале сите министри за финансии и за енергија на осумте членки плус петте држави во разој, кои се познати како Група на Петте — Бразил, Народна Република Кина, Индија, Мексико и Јужна Африка.
Во јуни 2005 година, министрите за правда и за внатрешни работи од земјите на Г8 се согласиле да започнат меѓународна база на податоци за педофили.Г8 ќе започне меѓународна база на податоци на педофили Дејвид Бете 18 јуни 2005 The Guardian Исто така се согласиле да ги координираат податоците за тероризмот, кои биле предмет на ограничувања од страна на законите за приватност и безбедност во поединечни земји.Г8 ќе ги собира податоците за тероризмот Мартин Вејнврајт 18 јуни 2005 The Guardian
Глобална енергија
мини|240п|Водачите на Г8 се советуваат во текот на самитот во 2009 година во Лаквила (Абруцо, Италија).