thumb|right|300px|Хитлер со неговиот кабинет Ова е список на членовите на Хитлеровиот кабинет од јануари 1933 до април 1945.
јануари 1933 Адолф Хитлер (НСДАП) - Канцелар Франц фон Папен - Вицеканцелар Константин Фрајхер фон Нојрат - Министер за надворешни работи Вилхелм Фрик (НСДАП) - Министер за внатрешни работи Јохан Лудвиг Гроф Шверин фон Крозиг - Министер за финансии Алфред Хугенберг (ДНВП) - Министер за економија и храна Франц Зелде - Министер за труд Франц Гиртнер (ДНВП) - Министер за правда Вернер фон Бломберг - Министер за одбрана Паул Фрејхер Елц фон Рибенах - Министер за пошти и транспорт Херман Геринг (НСДАП) - Министер без ресор
Промени март 1933: Јозеф Гебелс станува Министер за народна просвета и пропаганда. април 1933: Геринг станува Министер за воздухопловство. јуни 1933: Курт Шмит станува Министер за економија. Рихард Валтер Даре станува Министер за храна. декември 1933: Ернст Рем и Рудолф Хес стануваат министри без ресор. мај 1934: Бернхард Руст станува Министер за наука и образование. јуни 1934: Ханс Керл станува министер без ресор. Рем е убиен. јули 1934: Геринг станува и министер за шумарство. август 1934: Франц фон Папен дава оставка како вицеканцелар. Функцијата не ја зема никој. Јалмар Шахт станува Министер за економија. декември 1934: Ханс Франк станува Министер без ресор. март 1935: Геринг станува и Главен заповедник на Луфтвафе. мај 1935: Звањето Министер за одбрана се заменува со Министер за војна. Бломберг продолжува да биде министер. јули 1935: Ханс Керл станува Министер за црковни работи. април 1936: Вернер фон Фрич станува Главен заповедник на Армијата. Ерих Редер станува Главен заповедник на Морнарицата. февруари 1937: Вилхелм Онзорге станува Министер за пошти. Јулиус Дропмилер станува министер за транспорт. ноември 1937: Херман Геринг станува Министер за економија. Шахт станува министер без ресор. декември 1937: Ото Мајснер станува Државен министер и Глава на Канцеларијата. јануари 1938: Валтер Функ станува Министер за економија. февруари 1938: Јоаким фон Рибентроп станува Министер за надворешни работи. Нојрат станува министер без ресор. Бломберг дава оставка и функцијата Министер за војна се укинува. Неговата улога сега ја презема Вилхелм Кајтел како Директор на ОКВ. Валтер фон Браухич станува Главен заповедник на Армијата. мај 1939: Артур Зајс-Инкварт станува министер без ресор. март 1940: Фриџ Тод станува Министер за наоружување и муниција. јануари 1941: Франц Шлегелбергер станува Министер за правда. мај 1941: Рудолф Хес е отстранет од кабинетот. јули 1941: Алфред Розенберг станува Министер за окупираните источни територии декември 1941: Ханс Керл, Министерот за црковни работи, умира. Не е заменет. Хитлер станува Главен заповедник на Армијата. февруари 1942: Алберт Шпер станува Министер за наоружување и муниција. мај 1942: Херберт Баке станува Министер за храна. август 1942: Ото Георг Тирак станува Министер за правда. јануари 1943: Карл Дениц станува Главен заповедник на Морнарицата. август 1943: Хајнрих Химлер станува Министер за внатрешни работи. јули 1944: Шахт го напушта кабинетот.
Кабинет Кабинет Хитлеров Категорија:Втора светска војна