Моа Ана Марија Карлебекер (родена на 10 ноември 1988 година), попозната по нејзиното уметничко име Кази Опеја e диџеј, уметник, пејачка и текстописец.

Таа учествувала во шестата сезона на „Идол“ во 2009 година каде стигнала до полуфиналето но била поразена од Мариет Хансон и Ерика Селин.

Животот и кариерата

1988–2015: Ран живот и почетоци во кариерата Моа Ана „Кази Опеја“ Карлебекер е родена во јужниот дел на Шведска и пораснала патувајќи низ Европа и во САД со своето семејство. Името Кази Опеја доаѓа од ѕвезденото соѕвездие Касиопеја.

Ја открил продуцентот Били Ман и издавачката куќа Мачо Рекордс, кои претходно работеле со Пинк, Шер и Џесика Симпсон. Нејзиниот прв сингл „Ти припаѓам тебе (анг: I Belong To You“ станала хит кога уметникот Тиесто го зел ремиксот за негова песна. Таа, исто така, била пофалена за нејзиниот стил и музика од славниот блогер Перес Хилтон во врска со нејзината дабстеп преработка на хит песната на Лејди Гага „Џудас“.

2016-2017: Бетмен и Робин Во 2016 година, Моа Ана „Кази Опеја“ Карлебекер потпишала ексклузивен договор за издавање низ целиот свет со ЕККо Мјузик Рајтс Јуроп. Таа, исто така, потпишала ексклузивен светски договор за снимање соСупериор Рекордингс во 2017 година. Заедно со Џин Икс Џин го објавиле синглот „Бетмен и Робин“.

2017–сега: Wild Ones / Rich На 5 мај 2017 година, Кази Опеја била претставена на песната на изведувачот 528 со наслов „Мит“. Песната била издадена од независната издавачка куќа Харди Гарди Нојз.https://itunes.apple.com/us/album/meat-feat-cazzi-opeia-music-from-veni-vidi-vici-series/1231469308?i=1231469531

Пејачката го издала синглот „Дивите (анг: Wild Ones)“ на 1 декември 2017 година.https://itunes.apple.com/us/album/wild-ones-single/1300152391 Заедно со песната што е објавена, Кази Опеја се здружила со Шведската вселенска корпорација и го емитувала нејзиниот сингл во вселената, поконкретно во насока на соѕвездието Касиопеја.

Синглот „Рич“ бил објавен од Супериор Рекордингс на 16 ноември 2018 година.

Надворешни врски

Наводи

Категорија:Статии со hCards

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година

Категорија:Шведски пејачки