Кире Тодоров Митрески (1921 во Белчишта, Охридско — 1946 во Битола) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис Кире Тодоров Митрески е роден во селото Белчишта. Се занимавал со земјоделство. Во НОБ доброволно влегол на 28 август 1944 година. Како доброволец учествувал како борец во Првата македонска ударна бригада на Срем. За тоа време се разболел и бил ослободен, при што како последица од болеста починал во 1946 година во Битола.
Наводи
Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Починати во 1946 година Категорија:Учесници во НОБ