Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во велешкото село Дреново, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа покрај селото, на неговата јужна страна, веднаш покрај регионалниот пат 2344.
Околу црквата се сместени и селските гробишта.
Историја
мини|лево|300п|Зографскиот натпис од 1869 година
За нејзе нема податоци кога е подигната, но мештаните тврдат дека е многу стара црква. Сепак, според натписот над западниот влез во наосот може да се заклучи дека е изградена во XVII век, а обновена во 1869 година.
Архитектура
Црквата е мала правоаголна еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и калкански покрив. При обновувањето веројатно е проширена на запад по целата нејзина должина, а на југ е дограден отворен трем. Во црквата се влегува од западната и од јужната страна, над која има ниша со допојасна претстава од XIX век на непознат светец со долга брада, можеби Свети Атанасиј.
Фрескоживопис
Храмот е целосно обновен и малтерисан. Единствениот јасен показател за времето на неговиот настанок е делумно зачуваната фреска на Света Петка во нишата над олтарната апсида на источната фасада. Светицата е насликна допојасно, облечена во темнокафеав химатион; во десната рака држи маченички крст, а другата дланка ѝ е отворена кон набљудувачот. Ова дело се датира од XVII век. Траги од живописите од тоа време има и во олтарниот простор на црквата. Според натпис над јужнот влез (подоцна изгубен), црквата е одново пресликана во 1887 г. од месните зографи раководени од Петар Николов и неговите соработници, брат му Анастас и ученикот Илија Манев од Дреново, но во апсидата и нишата во проскомидијата зографите сликале непосредно врз постарите фрески без да нанесат нова подлога. Во конхата на апсидата е Света Богородица Ширшаја со малиот Христос во медалјон на градите. Следат Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст во Архијерејската литургија и допојасната претстава на Свети Стефан во жртвеникот со ѓаконска одежда со бел стихар, орар со насликан трисагион и црвена наметка преку десното рамо. Во левата рака држи дарохранилница во облик на храм, а во десната држи кадилница со која благословува.
Живописот од XIX век е следниов: во олтарот на источниот ѕид во третото подрачје и на таванот е Бог Саваот, во второто подрачје е пророкот Даниил меѓу лавови јужно од апсидата, пророкот Исаија северно од апсидата. Сирамовиот Лазар е на јужниот ѕид. Горчливата чаша на смртта е во второто подрачје на северниот ѕид, а под неа се допојасни претстави на Светите врачи Кузман и Дамјан. На таванот во средината е Христос Седржител, а третата фреска на запад не е зачувана. На јужниот ѕид, од исток кон запад, во првото подрачје се насликани во група светците Јустин, Ефрем, Евсевиј, Антониј, Маврустен и Амвросиј. Над нив се Свети Димитрија на коњ како прободува војник, Вознесението Илиево, Свети Спиридон и Света Елисавета. На запад од влезот на јужниот ѕид е насликан Свети Онуфриј, а потоа следи сцената на Колежот на витлеемските деца и Свети Хралампиј како го гази ѓаволот. Горе на западниот ѕид е Рождеството Христово, а во првото подрачје е Страшниот суд. На северниот ѕид, од запад кон исток, на западната половина е Второто пришествие; во второто подрачје се Свети Ѓорѓи на коњ како ја убива ламјата и Света Катерина, во првото се Свети Никола, Архангел Гаврил како му се јавува на Захариј и светите Константин и Елена.
Икони и иконостас
Иконостасот е во два реда и според документацијата на Националниот конзерваторски центар престолните икони од првиот ред се: царските двери: „Архангел Михаил му ја вади душата на богатиот“; „Богородица со Христос“; „Исус Христос“; „Исус Христос“ во горниот дел и „Свети Ѓорѓи и Света Недела“ во долната половина. Во вториот деисисен ред се иконите „Исус Христос“; „Еангелистот Лука“, „Апостол Тома“, „Апостол Андреја“ и „Апостол Петар“. Веројатно од раката на друг зограф се останатите икони: „Исус Христос“; „Света Недела“; „Свети Пантелејмон“, датирана во 1883 година.
Галерија
Поврзано Велешко архијерејско намесништво Чашкарска парохија Дреново
Наводи
Надворешни врски
Дреново Категорија:Дела на Дебарската школа