Суводолски манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Суводол.

Местоположба Манастирот се наоѓа во месноста Браенец, на неколку стотина метри северозападно од Суводолското Езеро. Познато е дека бил преместен на денешното место.„Суводол “. Мој Роден Крај.

Историја Од натписната плоча до влезот на конакот се забележува дека манастирот бил подигнат во 1931 година на околу 1 км јужно од неговото денешно место. Но, поради лизгање на теренот од ископот на јаглен, тој бил срушен во 1994 година и одново подигнат на сегашното наоѓалиште во 1996 година.

Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма, езерце и помошни објекти.

Црква „Св. Никола“

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и многуаголна апсида на источната страна. Црквата има два влеза — главен на западната и спореден на јужната страна.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Суводол (Битолско) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија