Свети Никола или Воскресение Христово – главна селска црква во селото Грумази.

Местоположба Црквата се наоѓа на неколку стотина метри северно од селото.

Историја Црквата била изградена во 1864, по што била срушена во 1924, доградена во 1980 и целосно обновена во 2006 година.„Грумази “. Мој Роден Крај.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е насликан Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска којашто е целосно оштетено и не може да се забележи што е прикажано на неа. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата има трпезарија и во него се сместени селските гробишта.

Галерија

Поврзано Грумази Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Грумази Грумази Грумази