Добова (словенечки: Dobova) — населба во Општина Брежице во источна Словенија во близина на границата со Хрватска. Низ населбата минува железничката линија од Љубљана до Загреб, а станицата е меѓународен железнички граничен премин. Областа е дел од историскиот регион Штаерска. Населбата сега е вклучена во Посавскиот статистички регион.

Црква Локалната парохиска црква е посветена на Светото име на Марија и припаѓа на Римокатоличката епархија Цеље. Станува збор за неороманска градба со троен кораб, изградена на местото на две постари цркви во 1865 година.

Категорија:Општина Брежице