Марина Цветаева ( — ) — руска и советска поетеса.

Животопис Во последниот дел од својата автобиографија од 1958 година, Борис Пастернак пишува за својата средба со Цветаева во 1935 година, кога за време на антифашистичкиот конгрес одржан во Париз се сретнал со неа и со нејзиното смејство. Притоа, нејзиниот сопруг и децата ја наговарале да се врати во татковината, а кога таа го прашала што да прави, Пастернак не ѝ одговорил, плашејќи се дека за неа и за нејзиното семејство животот во Русија да не биде тежок и неспокоен. Инаку, Пастернак и Цветаева биле блиски пријатели и одржувале богата кореспонденција. Притоа, Пастернак наведува дека по започнувањето на Втората светска војна, својата богата кореспонденција ѝ ја дал на чување на една своја пријателка, која работела во музејот на Скрјабин а која ја обожавала поезијата на Цветаева. Бидејќи немала многу доверба во музејскиот сеф, пријателката ги издвоила писмата на Цветаева кои ги носела насекаде со себе. Меѓутоа, една зимска вечер, додека патувала од блиското село кон Москва, таа забележала дека торбата со писмата на Цветаева ги заборавила во возот. Така исчезнале сите писма кои Цветаева му ги праќала на Пастернак.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 15.

Творештво Најпознати дела на Цветаева се збирките песни: „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, како и драмите „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“ и „Феникс“.

Нејзините дела се меѓу најдобрите од руската книжевност, а таа се смета за една од најголемите поетеси во историјата на поезијата."Tsvetaeva, Marina Ivanovna" Who's Who in the Twentieth Century. Oxford University Press, 1999. Таа живеела за време на и пишувала за руската револуција од 1917 година. Како лирски поет, нејзината страст и смело јазично експериментирање ја прават впечатлив хроничар на своето време и на длабочините на човечката свест.

Значење и влијание Песната „Писмо од мајка ми за црниот снег“ на македонскиот поет Анте Поповски е инспирирана од стихот на Цветаева, „... едно малечко сонце“.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 118.

Наводи

Надворешни врски Heritage of Marina Tsvetayeva, a resource in English with a more extensive version in Russian.

Категорија:Руски писатели Категорија:Советски поети Категорија:Поетеси Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет