Орден „8 Септември“ — високо македонско одличие во чест на 8 септември — Денот на независноста на Република Македонија.

Особености Има основна ѕвездеста форма со димензии од 81 мм.

Орденот е изработен од сребро со позлата, тониран топол емајл во современа јувелирско-ковна техника. Има соодветна, лента и минијатурна лента.

Редниот број на орденот, жигот за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот е втиснат на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

Критериуми

Орденот „8 Септември“ се доделува:

за вонредни заслуги на личности и државни органи, установи, владини и невладини организации и слично, од Република Македонија во конституирањето и изградбата на Република Македонија во мирновременски услови како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, како и за исклучителен придонес за воспоставување, развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива рамноправна соработка со други држави и меѓународни организации и асоцијации и за афирмирање и јакнење на нејзината меѓународна положба и углед; на лица, органи и организации кои особено придонеле за развој и афирмација на меѓунационалните односи во Република Македонија; на лица за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста, одбраната и заштитата на Република Македонија, како и за меѓународна соработка на тој план; на претседатели на држави, на парламенти и на влади, на високи странски државници и дипломати, на највисоки функционери на меѓународни организации и установи за исклучителни заслуги за воспоставување, развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу соодветната држава, односно организација или установа и Република Македонија, како и за исклучителен придонес за јакнење на нејзината меѓународна положба и углед.

Добитници

Име и презиме Година Опис на заслугата Напомена Робер Бадентер2006За исклучителен придонес за јакнењето на меѓународнта положба и углед на Македонија и за придонес во развој и афирмација на меѓуетничникте односи Француски државник Кристофер Хил2007 За исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со САД прв амбасадор на САД во Македонија Роман Херцог2009 за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Германија Претседател на Германија Жељу Желев2010 за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена Република Македонија , и за развојот на севкупните односи и соработка меѓу двете држави. Претседател на Бугарија Уфе Елман Јансен2010 за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството ДанскаМинистер за надворешни работи на Данска Џон Битов2011 за исклучителната посветеност и ангажираност во поддршката на напредокот на Република Македонија и нејзина афирмација во светот како независна и демократска држава, како и за придонесот во развојот и унапредувањето на односите и соработката со пријателска КанадаКанадски стопанственик Никола Кљусев2011 за исклучителен придонес за остварувањето на независноста, сувереноста, самостојноста, териоторијалниот интегритет на Република Македонија. Прв Премиер на Македонија(посмртно) Јордан Мијалков2011 за исклучителен придонес во остварувањето на независноста, самостојноста, сувереноста и територијалниот интегритет на Република Македонија .Министер за внатрешни работи на Македонија (посмртно) Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани2011 за неговите заложби во афирмацијата на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите, како и за особениот придонес кон развојот на односите меѓу Катар и Република Македонија. .Емир на Катар Бронислав Коморовски2013 за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Полска.Претседател на Полска Виктор Орбан2013 за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и УнгаријаПремиер на Унгарија Милош Земан2016 за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија Претседател на Чешка Сашко Кедев2025 за највисоките образовно-едукативни, научни и алпинистички дострели.Лекар и алпинист Наде Проева2025 за нејзиниот исклучителен научен придонес и за нејзината бескомпромисна борба за македонската кауза.Историчарка (посмртно)

Поврзано Ордени и медали на Република Македонија

Наводи

Категорија:Македонски ордени и одликувања Категорија:Појавено во 2006 година во Македонија