Орденот за заслуги за Македонија — четврто по важност државно одликување доделувано за заслуги за Република Македонија на политичко-социјален и културен план.

Опис лево|мини|Изглед на Орденот за заслуги Има основна ѕвездеста форма со димензии од 65мм.

Орденот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента и минијатурна лента.

Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

Автор Автор на идејното решение на орденот е Петар Гајдов,поранешен член и потпретседател на Македонското хералдичко здружение.

Критериуми Орденот за заслуги за Македонија се доделува на:

на личности, владини и невладини организации и здруженија на граѓани, на правни лица, како и на други органи и организации за особени заслуги во политичкиот и општествениот живот во Република Македонија, како и на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва на други држави и на меѓународни организации и други асоцијации акредитирани во Република Македонија; на странски државјани и странски установи и организации за особени заслуги за сувереноста, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, за успешно организирање и ефикасно остварување на функциите на органите на државната власт, за особено значајни остварувања во стопанството, образованието, науката, културата, иноваторството, здравството, социјалната политика, спортот и во заштитата и унапредувањето на животната средина и природата и за особен придонес за успешно организирање и ефикасно функционирање на установите и организациите во овие области за заслуги во остварувањето и унапредувањето на односите меѓу заедниците во Република Македонија, за особени заслуги за успешно остварување и унапредување на односите и соработката на Република Македонија со други држави и со меѓународни установи и организации, како и за нејзиното афирмирање во светот во одделни области и дејности и за особени заслуги кои можат да се искажат и за меѓучовечка помош или хуманитарна помош која се спроведува со лично залагање.

Добитници

2007 - писателот Петре М. Андреевски (посмртно) 2007 - академик Ѓорѓи ФилиповскиДневен весник - Утрински весник за исклучителен придонес во работата на Академијата, како и за врвните резултати во нивната образовна и научна дејност 2007 - академик Благој Попов 2007 - академик Јордан Поп - ЈордановДневен весник - Утрински весник за исклучителниот придонес во работата и афирмацијата на МАНУ, за врвните резултати во нивната образовна и научна дејност, како нејзини претседатели во периодот од 1984 до 2007 2007 - академик Ксенте Богоев 2007 - академик Георги Ефремов 2007 - академик Матеја Матевски 2007 - академик Цветан ГроздановДневен весник - Утрински весник за иосклучителниот придонес во работата и афирмацијата на МАНУ, за врвните резултати во нивната образовна и научна дејност, како нејзини претседатели во периодот од 1984 до 2007 2007 -Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култураhttp://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=4F67A88668ABA04FACE8141F6A66BA96 2008 - фолклорен ансамбл Танец. 2008 - Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/444660/ 2008 - Шумарски Факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ 2008 - Природно-математички факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ 2008 - Медицински факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ 2008 - Факултет за земјоделски науки при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ 2009 - пијанистот Симон ТрпческиСител - Симон Трпчески одликуван со „Орден за заслуги за Македонија“ 2010 - Есма Реџепова 2010 - Круме Кепески (посмртно)Професор Круме Кепески посмртно одликуван со Орден за заслуги за Македонија 2010 - Охридско лето 2011 - НЦиКВ Принцот-престолонаследник Ото фон Хабсбург Ото фон Хабсбург одликуван со Орден за заслуги за Македонија - Македонско хералдичко здружение 18 јануари 2011 2011 - Струшки вечери на поезијата 2011 - пејачот и хуманитарец Тоше Проески (посмртно) http://www.me-chitash.com/vesti/makedonija/3217-orden-za-zaslugi-za-makedonija-na-tose-proeski , 24 јануари 2011 2011 - Лиана Думитреску-прв претставник на Македонците во романскиот Парламент (посмртно) 2011 - Правен факултет „Јустинијан Први", при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" 2011 - Национална установа Турски Театар 2011 - Мировен Корпус од Соединетите Американски Држави 2011 - Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово 2011 - Државен архив на Република Македонија 08.02.2014 2014 - Евгениј Суханов 2014 - Петар Иваноски - Тиквар 2014 - Македонска филхармонија 2014 - Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ 2014 - Македонска радио-телевизија http://president.gov.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/3041-mrtnajavno26122014.html 2016 - Народна банка на Република Македонија http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/4122-2016-10-19-07-45-01.html 2021 - Горан Стефановски (постхумно), Зафир Хаџиманов (постхумно), Ремзи Несими (постхумно), Живко Мукаетов 2023 - Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку, Коле Ангеловски, Бодан Арсовски, Влатко Стефановски, Никола Димушевски, Гарабет Тавитјан. 2024 - Благоја Чоревски, Бедија Беговска, Ѓокица Лукаревски, Рефет Абази, Оливера Николова, Слободан Унковски, Ристо Вртев.

Наводи

Категорија:Македонски ордени и одликувања Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија