Свети Атанасиј — главна селска црква во кавадаречкото Кошани, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа над селото, на неговиот северен крај.

Историја

Била подигната во 1871 година, како што може да се прочита на натписот над западната врата.

Црквата е напуштена во втората половина на XX век.

Околу 1990 година пострадала во пожар и целата покривна конструкција е уништена.Кошани на порталот на Општина Кавадарци .

Архитектура

Ова е еднокорабен храм со женски дел, галерија од западната страна, потпрена на два дрвени столба. Има влезови од југ и од север, отворен трем од југ и запад, а камбанаријата е во урнатини.

Фрескоживопис

Живописот го добила истата година кога била подигната (1871 г.). Живописот е дело на непознат зограф и се одликува со ниска уметничка вредност.

Галерија

Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Маренска парохија Кошани

Наводи

Надворешни врски

Кошани