Британското Царство (англиски: British Empire) опфаќало доминиони, колонии, протекторати и други колонии кои биле под власт на Обединетото Кралство. Настанало од прекуморските колонии и трговските места кои ги развила Англија во доцните години од 16 и 17 век. Во своите најдобри времиња во 19 и почетокот на 20 век, Британското Царство било најголемото царство во историјата и најголема светска сила повеќе од еден век. До 1913 година во Британското Царство живееле 412 милиони жители, 23% од светското население во тоа време, ; и до 1920 година, покривало 35,5 милиони квардатни километри, од вкупната површина на Земјата. Како резултат на тоа, неговото уставно, правно, јазично и културно наследство е широко распространето. На врвот на својата моќ, тоа било опишано како „царство каде сонцето никогаш не заоѓа“,(на англиски: The sun never sets on the British Empire) бидејќи имало толку многу територии кои биле под негово владеење, па на некоја од нив секогаш било сончево.

За време на Големите географски откритија во 15 и 16 век, Португалија и Шпанија ги започнале европските истражувања на светот и во текот на тој процес основале големи прекуморски царства. Англија, Франција и Холандија им завидувале на овие царства бидејќи биле многу богати и затоа започнале да основаат свои колонии и трговски мрежи во Америка и Азија.Заедно со формалната контрола што Британија ја вршела врз своите колонии, нејзината доминација на поголемиот дел од светската трговија и на нејзините океани, значело дека таа ефективно ги контролира економиите на и лесно ги спроведува своите интереси во многу региони, како што се Азија и Латинска Америка.; . Во 17 и 18 век, Англија водела низа војни со Холандија и Франција кои (Британија по Актот на Унијата со Шкотска од 1707 година) ја направиле Англија доминантна колониска сила во Северна Америка и Индија. Губењето на Тринаесетте Колонии во Северна Америка во 1783 година, по војната за независност, ја лишило Британија од една од нејзините најстари и најнаселени колонии. Вниманието на Британија наскоро се насочило кон Африка, Азија и Тихиот Океан. По поразот на Наполеонска Франција во 1815 година, за Британија настапила скоро неприкосновена доминација која траела еден век и таа го проширила своето кралско влијание низ целиот свет. Значителен степен на автономија добиле нејзините колонии кои биле населени од белци, а некои од нив биле претворени во доминиони.

Растот на Германија и на Соединетите Американски Држави, до 19-тот век, го намалиле економското влијание на Британија. Како последица од тоа воените и економски тензии помеѓу Британија и Германија се претвориле во една од најголемите причини за Првата светска војна, за време на која Британија во голема мера се потпрела на своето царство. Судирот ѝ предизвикал на Британија големи финансиски тешкотии и иако Британија своето најголемо територијално проширување го постигнала непосредно по војната, сепак повеќе не била најголема економска и воена сила. За време на Втората светска војна британските колонии во Југоисточна Азија биле окупирани од страна на Јапонија, со што британскиот престиж бил нарушен и се забрзал падот на царството, и покрај победата на Британија и нејзините острови. Индија, највредната и најнаселената колонија на Британија добила независност две години по завршувањето на војната.

Во Втората светска војна, британските колонии во Источна Азија и Југоисточна Азија биле окупирани од Јапонското Царство. И покрај конечната победа на Британија и нејзините сојузници, штетата на британскиот престиж и британската економија помогнале да се забрза падот на царството. Индија, највредното и најнаселеното владение на Британија, постигнала независност во 1947 година како дел од поголемото движење за деколонизација, во кое Британија им додели независност на повеќето територии на царството. Суецката криза од 1956 година го потврдило падот на Британија како глобална сила, а предавањето на Хонгконг на Кина на 1 јули 1997 година за многумина го симболизира крајот на Британското Царство; . иако четиринаесет прекуокеански територии кои се остатоци од царството остануваат под британскиот суверенитет. По независноста, многу поранешни британски колонии, заедно со повеќето доминации, се приклучиле на Комонвелтот на нациите, слободно здружение на независни држави. Петнаесет од нив, вклучително и Обединетото Кралство, го задржуваат истото лице како монарх, моментално кралот Чарлс III.

Почетоци (1497-1583 година)

Британското Царство било основано во времето кога Англија и Шкотска биле одделни кралства. Во 1496 година кралот Хенри VI, по успехот на Шпанија и Португалија во прекуморските истражувања, го назначил Џон Кабот за водач на патување на кое требало да се открие пат до Азија преку Атлантикот. Кабот започнал со пловидба во 1497 година, пет години по откривањето на Америка, и иако тој успешно се закотвил на брегот на Њуфаундленд (грешно верувајќи, како Кристофер Колумбо, дека е во Азија), немало обиди за основање колонија. Наредната година, Кабот предводел уште едно патување во Америка, но никогаш повеќе не се слушнало ниту за него ниту за неговите бродови.

Немало нови обиди за основање англиски колонии во Америка сѐ до средината на владеењето на Елизабета I, за време на последните децении од 16 век. Католичка Шпанија, поради протестантското преобратување, и станала непријател на Англија. Во 1562 година, англискиот двор ги задолжил Џон Хокинс и Френсис Дрејк, кои извршувале приватни работи, да започнат со напади за трговија со робови против шпанските и португалските бродови на брегот на Западна Африка со цел да се пробијат на атлантскиот систем за трговија. Ова бил неуспешен обид, и подоцна, со засилувањето на Англосаксонската војна, Елизабета им го дала својот благослов на други пиратски ограбувања на шпанските пристаништа во Америка кои се враќале преку Атлантикот полни со богатство од Новиот Свет. Истовремено, влијателните писатели како Ричард Хакли и Џон Ди (кој прв го искористил називот Британско Царство) започнале да притискаат за основањето на Англиско Царство. До тогаш Шпанија веќе навлегла во Америка, Португалија основала трговски места, како и тврдини на бреговите на Африка и Бразил па сè до Кина, а Франција започнала да се шири на Реката на Св. Лоренс за подоцна ова место да го претвори во Нова Франција.

Иако Англија имала тенденција да заостанува зад Португалија, Шпанија и Франција во основањето прекуокеански колонии, таа ја извршила својата прва современа колонизација, позната како Плантажи во Ирска, во 16 век Ирска со населување тоа со англиски и велшки протестантски доселеници. Англија веќе колонизирала дел од земјата по Норманската инвазија на Ирска во 1169 година.; . Неколку луѓе кои помогнале во основањето на плантажите подоцна одиграле улога во раната колонизација на Северна Америка, особено групата позната како Мажите на Западната Земја. меѓу кои биле Хемфри Гилберт, Валтер Дрејк, Џон Хокинс, Ричард Гренвил и Ралф Лејн.

Англиски поседи во странство (1583-1783)

Во 1578 година, кралицата Елизабета I го наградила Хемфри Гилберт со патент поради откритие и прекуморски истражувања.; Истата година Гилберт испловил кон Западна Индија со цел да се вклучи во пиратска операција и да основа колонија во Северна Америка, но експедицијата била прекината уште пред да го преминат Атлантикот.; . Во 1583 година тој повторно се обидел, овој пат на островите на Њуфаундленд, чие пристаниште формално го барал за Англија, иако немало жители. Гилберт не доживеал да се врати во Англија и бил наследен од страна на неговиот полубрат Волтер Рајли кому му кралицата Елизабета, во 1584 година му доделила сопствен патент. Истата година подоцна Рајли ја пронашол колонијата Роанок на брегот на денешна Северна Каролина, но недостатокот од залихи го предизвикал пропаѓањето на колонијата.

Во 1603 година, кралот Јаков VI Шкотски го зазел престолот на Англија и во 1604 година го склучил Лондонскиот Договор, со што им ставил крај на лошите односи со Шпанија. Во тој момент, кога Англија била во мир со својот најголем соперник, нејзиното внимание се пренасочило од потпирање на инфраструктурата на туѓите колонии, кон основање свои прекуморски колонии. Британското Царство започнало да се формира за време на почетокот на 17 век, со англиското населување на Северна Америка и малечките острови- Карибите, како и со основањето приватни трговски друштва, најзначајно била Британската источноиндиска компанија, со цел да управуваат со колониите и прекуморската трговија. Како последица од тоа, овој период, сè до губењето на тринаесетте колонии, по Американската војна за независност кон крајот на 18 век, се нарекувал Прво Британско Царство.

Америка, Африка и трговијата со робови

На почетокот Карибите биле најважните и најпрофитабилните колонии, но пропаднале по неколку обиди за колонизација. Обидот за основање колонија во 1604 година во Гана траел само две години и не ја исполнил својата главна цел, да најде резерви од злато. Колониите во Санта Лучија (1605 година) и Гренада (1609 година) исто така брзо пропаднале, но во Св. Китс (1627 година), Барбадос (1627 година) и Невис (1628 година) успешно биле основани населби. Колониите набрзо го усвоиле системот на шеќерни плантажи, кој успешно го користеле Португалците во Бразил и се потпирал на работата на робовите; . како и, на почетокот, на холандските бродови кои доаѓале за да ги продадат робовите и да купат шеќер. За да се осигура дека цврстиот профит кој постојано се зголемувал ќе остане во рацете на Англија, Парламентот донел декрет дека само англиски бродови ќе можат да тргуваат во англиските колонии. Ова довело до непријателски односи со Обединетите холандски провинции, а низата од англо-холандски војни само ја зајакнало англиската положба во Америка на сметка на Холандија. Во 1655 година Англија го зела островот Јамајка од Шпанците, а во 1666 година успеала да ги колонизира Бахамите.