Св. Ѓорѓи — црква во охридското село Годивје, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.
Сместена е на возвишение во северниот дел на селото, во непосредна близина на гробиштата.
Точната година на изградба и живописување не е позната, но врз основа на стилска анализа на фрескоживописот се смета дека е од втората половина на XV век. Градена е од кршен и делкан камен со малтер, и во архитектурен поглед е идентична на црквите „Св. Константин и Елена“ и „Св. Богородица Болничка“ во Охрид. Врската со Охридскатата школа се потврдува и со присуството на Свети Климент Охридски, кој е до самиот иконостас, место кое секогаш се чува за Дејзис — Страшниот суд, во која се насликани Исус Христос, а од двете страни св. Богородица и св. Јован Крстител како се молат за спас на грешните души. Друга особеност на живописот е тоа што во олтарниот простор на висината на цоклето, на украсно обработена површина од источниот ѕид се претставени фигури на двоглави орли (стари симболи на царската власт) и јагне со иницијалите на Христос – Добриот пастир.
Поврзано Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво
Наводи
Годивје