Свети Никола — главна селска црква во крушевското село Арилево, Македонија.
Црквата се наоѓа на самиот регионален пат 2337, пред скршнувањето за влезот во селото. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црква е сместена на самиот влез пред селото Арилево, на околу 9 километри северозападно од Крушево.
Историја
Црквата е подигната во втората половина на век, што е претпоставка врз основа на нејзиното живописување.
Архитектура
Храмот претставува еднокорабна засведена градба, зајакната со испуштени пиластри на надолжните страни, поврзани со полукружни лакови, создавајќи три слепи ниши во ѕидовите и по една во травеите. Апсидата е петострана, расчленета со слепи ниши. Влезот на црквата е од западната страна и има по еден прозорец на северната, јужната и историчната страна (во вид на крст).
Црквата е ѕидана од кршен камен и малтер, Каменот, главно, е употребен како необработен, вкопан во многу малтер и без определен опус на ѕидање. Единствено аглите на градбата се изведени од делкани камења квадери со минимални спојници.
Фрескоживопис
Над западната врата во црквата има натпис, кој се наоѓа во наосот и дава информации дека живописот бил завршен на 4 мај 1887 година во времето на свештеникот Ѓорѓи. Коста Атанасов, автор на живописот, тешко се справувал со црковнословенскиот јазик, што се гледа од самиот текст во натписот, како и во испишувањето на насловите од композициите.
Живописот во црквата Свети Никола распореден е во три зони и целосно е сочуван и е во добра состојба. Во првата и втората зона се насликани светци во цел раст меѓу кои се и сцените на св. Димитриј на коњ го убива Калојан, св. Ѓорѓи на коњ ја убива ламјата, Успение на св. Илија и раѓањето на Исус Христос. Во најниската зона на западниот ѕид се насликани композициите Страшниот суд и Успение на Пресвета Богородица, над него. Во третата зона претставени се сцени од животот на Христос. Во најниската зона на апсидата сместена е композицијата Литургиска служба на светите отци со св. Василиј Велики, св. Јован Златоуст и св. Григориј Богослов, а над нив е насликан допојасниот фронтален лик на Богородица. Во темето на сводот се насликани Света Тројца, Исус Христос Сдржател и Богородица Ширшаја од небесета.
Иконостас
Во црквата има евидентирано движно културно наследство, во кое влегуваат шест икони, но во самата црква има уште тринаесет икони кои треба да се евидентираат и обработат.
Галерија
Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Втора крушевска парохија Арилево
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Арилево Арилево